Базиран на вистинска приказна, филмот е поставен
во 1961 год. Група на студенти од Филмската Академија
во Прага, снимаат филм за фабрика за мотори во Чешки
Штернберг, а филмот претставува нивна дипломска
работа.
Конфронтацијата на боемизмот на овие млади
режисери и нивната чувствителна перцепција за чешката
природа, каде среќаваат голем број на луѓе како: гроф,
управник на полициска станица, директор на хотел,
раководител на фабрика итн., гради едно ниво во самата
приказна.
Другото ниво во приказната е личната драма на еден
албански студент (Леке), кој доаѓа од земја потполно
изолирана од остатокот на Европа. Тој е растргнат помеѓу
чувството на солидарност за неговата земја и семејство,
особено неговата мајка, и помеѓу неговата маѓепсаност
од начинот на живот, еротската разновидност и
безгрижност на чешката “млада, златна генерација”.
Страствената љубов на протагонистот кон постара
жена (г-ѓа Шнајдер), која е жена на управникот на
полициската станица, го гради главното ниво во
приказната.