Убиј го Бил (англиски: Kill Bill) е четвртиот филм на сценаристот-режисер Квентин Тарантино. Оригинално замислен како еден филм, тој бил издаден како два посебни дела во есента 2003 и во пролетта 2004 поради времетраењето од приближно четири часа. Филмот претставува драма за одмазда со епички размери, базиран на поранешни филмски жанрови како што се хонгконшките боречки филмови, јапонските самурајски филмови и италијанските шпагети вестерни. Филмот е исполнет со популарна музика, постојани референци на поп-културата и намерно прекумерно насилство.
Убиј го Бил е една приказна, поделена во две изданија со по пет „подглавија“ во секое, презентирани преку нелинеарен стил, што е карактеристично за филмовите на режисерот Тарантино.

0 comments:
Post a Comment