Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Кратки холандски филмови, 10 декември 2008 во 20 ч. [ФДУ]

Во рамките на деновите на холандскиот филм, четири крати филма ќе бидат прикажани на Факултетот за драмски уметности.

„MissiePoo16“ е десетминутен филм снимен во 2007 година од Ана ван дер Хајде.

Овој филм е брилијантент потрет на модерните тинејџери кои ги живеат своите животи на страниците за социјално вмрежување и комуницираат преку соби за разговоро и веб-камери. Приказната која тинејџерката ја раскажува на својата веб-камера е досетлива и веродостојна.
Филмот е награден на Холандскиот филмски фестивал.


„LE DERNIER CRI“ е триминутен филм до 2006 година на Ервин Олаф.
Во оваа експериментална кратка комедија, режисерот Олаф размилува за променливете вредности за убавината и модата. Една домаќинка од предградието го припрема својот дома за собир и се грижи сѐ да биде беспрекорно и на свое место.


„Желба“ на Маргиен Рогар е краток филм од 2007 година. Овој дестеминутен филм ја раскажува приказната за младо момче кај кое се раѓа желба за таткото на неговиот најдобар/а пријател/ка.



„Контакт“ е десетминутен филм на Ханро Смитсман. Снимен во 2006 година, филмот раскажува како малите, неважни моменти имаат големи последици. Филмот е награден на Берлинскиот филмски фестивал.


Влезот во салата на ФДУ е слободен.
Филмовите ќе се прикажуваат и пред долгометражните филмови на 14 и 16 декември во кино Милениум.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.