„Оливер“ е холандски филм од 2007 година. Режисер на филмот е Сандер Бургер (Sander Burger). Улогите ги играат Драган Бакема (Dragan Bakema), Хуп Адмирал (Joop Admiraal), Ханс Дагелет (Hans Dagelet), Ноел Којлен (Noël Keulen), Мариа Кракман (Maria Kraakman) и Олга Цуидерхук (Olga Zuiderhoek).
Оливер е роден со сериозна срцева мана. Со такво заболување никој не може да живее повеќе од триесет години. Тој се бори со својата болест така што ужива најмногу што може во секој момент од својот житот.
Но, неговиот живот драстично се менува кога еден вешт доктор успешно го оперира неговото срце. Неговите пријатели се среќни поради тоа. Но Оливер сега е соочен со иднината за која никогаш не помислил. Истовремено, неговите пријатели сметаат дека тој ќе почне да има друг пристап кон својот живот. Сепак, за него, ништо во неговиот нов живот не изгледа нормално. Оливер се чувствува како жртва.
Филмот трае 90 минути.
0 comments:
Post a Comment