Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Уметноста на исчезнувањето“, 12.02.2012 (недела), 20.00 часот

Проекции: 12.02.2012 (недела), 20.00 часот

„Уметноста на исчезнувањето“

Документарениот филм „Уметност на исчезнувањето“ на добитниците на престижната наград Оскар за документарен филм, Бартек Конопка и Пјотр Росоловски, го претставува судирот на култури кој се случува со доаѓањето на хаитанскиот вуду свештеник Амон во Полска во 80-тите години на 20-тиот век. Тој е фасциниран од земјата од каде потекнуваат неговите корени и одлучува да остане подолго време за да се запознае со неговиот предедовски дом, а во истовреме прави и обид да ги отвори срцата и умовите на Полјаците. Неговото доаѓање се совпаѓа со донесувањето на воениот закон во полското општество. Амон се решава да направи серија на ритуали со цел да ги избрка злите духови од душата на генералот Јарузелски. Свештеникот е сигурен дека тврдиот став на генералот и неговите крвави очи се знак дека неговата душа е опседната од злиот демон, баронот Самеди.

(Art of Disappearing)
документарен филм / 2010 година / 91минути / колор / ДВД
Полска

Режија: Пјотр Росоловски и Бартек Конопка.

„Политички фустан“, 11.02.2012 (сабота), 20.00 часот

Проекции: 11.02.2012 (сабота), 20.00 часот

„Политички фустан“
Полската одисеја на субверзивниот стил трае веќе 45 години. Во времето на комунизмот, светлите бои и дизајнирањето облека биле оружјата на луѓето против здодевноста на секојдневието. Филмот „Политички фустан“ ги раскажува сопствените приказни на неколкумина ументици кои биле окарактеризирани како „саботери“ на социјалистичките авторитети. Филмот не пренесува во времињата на Салин кога носењето на разнобојни чорапи се сметало за државен удар, па се до фасцинацијата од париската мода на шеесетите, и понатаму до прогресивната пропаганда на децата на цвеќињата во седумдесетите, како и панк-рок стилот на осумдесетите.

(Political Dress)
документарен филм / 2010 година / 98 минути / колор / ДВД
Полска

Режија и сценарио: Јудите Фибигер (Judyta Fibiger).

„Уметност на слободата“, 10.02.2012 (петок), 20.00 часот

Проекции: 10.02.2012 (петок), 20.00 чaсот

„Уметност на слободата“

Филмот „Уметност на слободата“ ги раскажува приказните за најтешките полски експедиции и нивните најспектакуларни искачувања. Режисерите Војтек Слота и Марек Клосовиц во нив ја пресликуваат суштината на хималазмот, што значи надминување на слабоста на човековото тело во најекстремните услови. Овие приказни се приказни за издржливоста, самотијата, вербата и добробитот на тимот. Војнек Слота до сега има режирано голем број на играни филмоти меѓу е и „Ѓавол“ од 2005 година за кој доби специјално признание на филмскиот фестивал „Слемденс“. Марек Клосовиц во својата богата филмографија го вбројува и серијалот филмови за хималајските искачувачи, меѓу кои е и филмот „Караван на соништата“, кој е добитник на голем број награди.

(Art of Freedom)
документарен филм / 2010 година / 91 минути / колор / ДВД
Полска

Режија и сценарио: Војтек Слота, Марек Клосовиц (Wojtek Słota, Marek Kłosowicz).



„Повикот на слободата“, 09.02.2012 (четврток), 20.00 чaсот

Проекции: 09.02.2012 (четврток), 20.00 чaсот

„Повикот на слободата“
Овој документарен филм го раскажува развивањето на рок музиката во Полска, која настанува паралелно со осамостојувањто на државата. Филмот воедно прави и еден вид антологија на најдобрите и најуспешните рок состави во оваа држава (Тилт, Бригада кризис, Култ,...).

(Beats of freedom)
документарен филм / 2010 година / 73 минути / колор / ДВД
Полска

Режија и сценарио: Лежек Гноински, Виојчиех Слота (Leszek Gnoinski, Wojciech Slota).

Современ полски краток филм, 08.02.2012 (среда), 20.00 часот

Проекции: 08.02.2012 (среда), 20.00 часот

Современ полски краток филм
Полска / колор / ДВД

1. „Среќните“
(Szczesciarze)
2009 година / 27'
режија: Томаш Волцки (Tomasz Wolski)

2. „Ехо“
(Echo)
2009 година / 15'
режија: Магнус вон Хорн (Magnus von Horn)

3. „Дојди во рајот“
(Chodz do nieba serc)
2009 година / 5'
режија: Лин Карен Фоерланд (Lin Karen Foerland)

4. „Мајка“
(Matka)
2009 година / 11'
режија: Јакуб Пиатек (Jakub Piatek)

5. „Приказната за изгубениот автомобил“
(Historia o braku samochodу)
2008 година / 12'
режија: Грегориц Јароцук (Grzegorz Jaroszuk)

6. „Што рекоа докторите“
(Co mowiq learze)
2009 година / 25'
режија: Михаил Внук (Michał Wnuk)

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.