Џеки Браун е крими филм од 1997 напишан и режиран од Квентин Тарантино.
Сценариото е напишано според романот Рум пунч на американскиот романописец Елмор Леонард. Иако Тарантино има направено значајни промени во приказната и ликовите, филмот сепак позајмува значаен дел од содржината на романот. Пем Гриер ја толкува Џеки Браун, средовечна стјуардеса која е придобиена од агентот Реј Николете (Мајкл Китон) за да помогне да се фатат Ордел Роби (Семјуел Л. Џексон) и неговите соработници кои криумчарат оружје.
Во стилот на Тарантино, филмот изобилува со насилство и профаности иако голем дел од насилството не се гледа на екранот. Треба да се забележи ангажманот на Пем Гриер и Роберт Форстер, актерски ветерани на кои овој филм им помогнал да ги ревитализираат своите кариери. Роберт Де Ниро и Мајкл Китон иако биле ѕвезди добиле споредни улоги. Филмот, во некоја мерка е омаж на „блексплоатациски“ филмови од минатото, каде Гриер често глумела. Музиката на филмот исто така потсетува на тој жанр. Филмот бил прифатен од критиката, каде Форстер заработил номинација за „Оскар“, а Џексон и Гриер биле номинирани за „Златен глобус“.
Поставен во Лос Анџелес во 1995 година, Џеки Браун (Пем Гриер) е стјуардеса во мала мексиканска авио компанија, последниот пад во нејзината кариера во авионската индустрија. Покрај ниската плата, нејзината работа и овозможува да криумчари пари од Мексико во САД за Ордел Роби (Семјуел Л. Џексон), шверцер на оружје под присмотра на полицијата.
Филмот трае 154 минути.
(Никулец на мк.Википедија)

0 comments:
Post a Comment