Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Клас, 12.12.2008 во 20:30 ч. во Фросина

Па...случајно дознавме дека денес почнува и Cinedays. Филм на отварањето е францускиот кански победник „Клас“. Цена на отварањето е 300 ден. :)



Франсоа и неговите колеги – професори се подготвуваат за новата учебна година во средно училиште, кое се наоѓа во насилничко маало. Вооружени со најдобри намери, тие се потпираат меѓусебно еден на друг недозволувајќи обесхрабрувањето да ги запре од обидот да им пружат на нивните ученици најдобра едукација.

Во класот многу често доаѓа до судир на однесувањето и културата, што го претставува микрокосмосот на модерна Франција. Колку што може стдентите да бидат забавни и инспиративни, исто толку нивното несоодветно однесување може да го загрози ентузијазмот кај професорот, кој и така не е соодветно платен.

Франсоа инсистира на работна атмосфера и заемно почитување. Тој не е ниту стог ниту ригорозен, и неговата необична искреност ги изненадува учениците. Но, неговата наставна етичност се тестира кога учениците почнуваат да ги тестираат неговите
методи. . .

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.