Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Содома и Гомора, 18 и 19 октомври 2008 г. во 20ч [Кинотека]

„Содома и Гомора“, познат во САД како „Последните денови на Содома и Гомора“, е епски филм од 1963 делумно базиран на библиската приказна за Содома и Гомора. Филмот е француско-италијанска-американска копродукција направена од Pathé, SGC и Titanus. Режиран е од Роберт Олдрич и продуциран од Маурицио Лоди-Фе, Џофредо Ломбардо и Џозеф Е. Левин. Сценариото е напишано од Џорџо Проспери и Хуго Батлер, а кинематографи се Алфио Контини, Силвано Иполити, Цирил Џ. Ноулс и Марио Монтоури, додека музиката е на Миклош Рожа.



Градовите близнаци Содома и Гомора брзо се развиваат поради богатството на сол, кое го копа армија робови. Декадентните граѓани, кои се збогатиле со трговијата на солта, живеат во луксуз и користат робови за насилни игри и забава.

Филмот трае 155 минути.

(Никулец на мк.Википедија)

Најтажните брегови, 18 октомври 2008 г. во 20 ч. [Дом на АРМ]

Филмот претставувајќи како повеќе така и помалку познати факти од животот на Мајка Тереза, преку спомените и разказите на нејзини лични пријатели, соседи, роднини и следбеници, говори за првите осумнаесет години од детството и младоста на Гонџа Бојаџиу поминати во нејзиниот роден град Скопје, како и за најзначајните моменти од нејзиниот животен пат.

Интервјуата на најеминентните личности од нашиот политички, верски и културен живот укажуваат на големината, значајноста, влијанието, трагите кои нашата најзначајна, најпозната и најпризната сограѓанка ги остави како светол траг во нашето општество, додека приказот за светскиот поклон пред делото кое го создаде, признанијата и почитта изразени пред нејзината личност ја претставуваат на гледачите големината на мисија на милосрдието која таа ја создаде и која одамна достигна планетарни димензии.


Сценарист на овој проект е личниот пријател, познавач и следбеник на Мајка Тереза – Стојан Тренчевски, кој воедно се појавува во филмот и како водител и придвижувач на фабулното дејствие. Снимател и извршен продуцент е Александар Карпузовски, а режијата е на Кирил Узунов кој се јавува и како монтажер.

(Од известувањето до медиумите испратено од авторот.)

Кво вадис, 17.10.2008 г. во 20ч [Кинотека]

Кво вадис е епски филм од 1951 година, произведен од MGM. Филмот е режиран од Мервин Лерој а продуциран од Сем Зимбалист, според сценарио на Џон Ли Махин, С.Н. Берман и Соња Левиен, кое е адаптација на романот Кво вадис од Хенрик Сјенкиевич. Музиката за филмот е на Миклош Рожа а кинематографијата на Роберт Суртис и Вилијам В. Скал.

Во филмот настапуваат Роберт Тејлор, Дебора Кер, Лио Генn, Питер Устинов, заедно со Финли Курие, Феликс Ајлмер и Ејбрахам Софер.


Насловот во оригинал "Quo Vadis" (латински), а значи „Што правиш?“ и се однесува апокрифската средба помеѓу Св. Петар и Исус Христот на Апијанскиот пат. Според актите на Петар, Петар, бегајќи од прогонот на императорот Нерон, имал визија за Исус Христос, каде го прашал "Domine, quo vadis?" (Господи, што правиш?). На тоа Исус одговорил: „Каде што одам, ти неможеш да ме следиш сега, но ќе ме следиш подоцна“ (Јован 13:36). Ова Петар мислел дека значи дека Исус ќе се врати назад во Рим за да биде повторно распнат. Следејќи ја својата судбина, Петар се вратил во Рим каде бил распнат на крст во подножјето на Ватиканскиот рид каде денеска се наоѓа базиликата на Св. Петар.

Дејствието се одвива во антички Рим од 64 до 68 година од наша ера, за време на владеењето на императорот Нерон. Предмет на дејствието е конфликтот помеѓу Христијанството и корупцијата на Римското царство, особено во последниот период на Јулијо-Клаудијанската линија. Ликовите и настаните кои се претставени се збир на фактички историски личности и ситуации, но и фиктивно дејство.

Филмот трае 171 минута.

(Статија на мк.Википедија)

Фестивал на германски филмови - 15 откомври 2008 г.: „Вистина или предизвик“ во 20 ч. и „На крај пристигнуват туристи“ во 21:45 ч. [Кино Фросина]

20:00 ч.

„Вистина или предизвик“ е германски филм од 2004 година. Режисери се Јан Мартин Шарф, Арне Нолтинг, а улогите се на Катарина Шитлер, Јохен Никел, Терезе Хемер и др. Овој филм е комедија за млади и за стапувањето во светот на возрасните.



Откако 18-годишната Аника по втор пат ја губи годината, таа мора да го напушти училиштето. Не осмелувајќи се да им го соопшти неуспехот во училиштето на своите амбициозни родители, младата жена бега и се заплеткува во еден привиден свет од лаги и преправања. Секое утро таа храбро ја напушта куќата за навидум да оди на училиште. Таа всушност го поминува времето во еден напуштен автобус или се сретнува со Кај, момчето од соседната населба.

Таа чека прилика за да се исповеда. Животот со лаги додуша има и своја романтична страна, но сепак, постојаните лаги се закануваат да ѝ ја уништат љубовта на Аника.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 90 минути.




21:45 ч.

„На крајот пристигнуваат туристи“ е германски филм од 2007 година. Оваа драма е во режија на Роберт Талхајм. Главните улоги се на Александар Фелинг, Ричард Рончевски, Барбара Висоцка.



Оваа тивка, впечатлива драма докажува дека од соодветна временска перспектива за Аушвиц може да се раскажува разумно и со чувства.

Свен, еден млад Германец, воопшто не помислува на меморијалот на концентрациониот логор во Аушвиц кога се пријавува за цивилна служба во странство. Аушвиц за него претставува мало градче во Полска, со чуден јазик, се разбира и најстрашниот симбол на холокаустот: најголемиот германски логор за уништување, и сè она што го слушал на часовите по историја. Отежнувачка околност е што Свен треба да се грижи за Станислав, кој преживеал во концентрациониот логор и е полн со омраза. Тој раскажува приказни-сведоштва за тоа време, поправа куфери и го шиканира Свен. На разбирање наидува само кај младата преведувачка Ања. Ања сака да го напушти градот, а Свен одлучува да се отакаже од сè. Со спакувани куфери седи на железничката станица. На крајот сепак пристигнуваат туристи, како секој ден, и Свен мора да донесе одлука...

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 80 минути.



На 15, 16 и 17 октомври репризи на неколку филмови што играа во Скопје ќе има во Битола и Штип.

Во Штип со почеток во 19 часот На работ на рајот, Еден ден во Европа и Деца на месечавата светлина, а во Битола, На работ на рајот, Деца на месечавата светлина и Еден ден во Европа, и Изгубено и најдено и Блузот на Шулце, соодветно по датумите.

Фестивал на германски филмови - 14 откомври 2008 г.: „Децата на месечевата светлина“ 20 ч. и „Блузот на Шулце“ во 21:45 ч. [Кино Фросина]

20:00

„Децата на месечевата светлина“ е германски филм од 2006 година во режија на Мануела Штаке. Улогите ги играат Леоние Крал, Лукас Калмус, Ренате Креснер.

13-годишната Лиза дома се грижи за својот двојно помлад брат Паул кој страда од едно неизлечиво кожно заболување т.н. „Болест на месечевата светлина“ и не смее да излегува на сонце. Таа му измислува еден прекрасен универзум од приказни во кој тој самиот е капетан на вселенски брод кој залутал од некоја друга звезда на земјата. За време на денот тој заедно со Лиза доживува фантастични авантури се додека заоѓањето на сонцето повторно не му овозможи да фукционира нормално.

Во оној момент кога Лиза се заљубува во Симон, Паул реагира љубоморно, а Лиза е растргната помеѓу возбудливте часови кои ги поминува заедно со Симон и Паул, кој копнежливо и се понестрпливо ја чека. Постои само една шанса: Симон мора да стане дел од универзумот на Паул.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 87 минути.


20:45

„Блузот на Шулце“ е германски филм од 2003 година. Режисер е Михаел Шор. Хорст Краузе, Харалд Вармбрун, Карл/Фред Милер и Урсула Шухт играат во главните улоги.


Шулце го минува својот живот во едно мало источногерманско село. Неговиот живот меѓу работата и кафеаните, народната музика и риболовот одеднаш завршува кога тој и неговите другари Манфред и Јирген одат во предвремена пензија. Додека овие двајца се повеќе се препуштат на ништожноста, Шулце преку својот мал радио приемник открива туѓ живот: блузот... Од својата армоника со која досега свирел полка, хоби-музичарот одненадеж почнува да произведува вжештени јужни звуци... Ова е премногу за локалното музичко здружение. Поставен пред изборот да се врати на стариот ритам или да заврши како осамен чудак, Шулце донесува одлука која го води до длабоките мочуришта на Луизијана...

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 110 минути.

Океаника, 14 и 15 октомври 2008 г. во 20 ч. [Кинотека]

Филмска премиера во Македонија на подводниот документарен филм на Васко Тодоров.



Филмот е снимен под вода, во околината на островот Кулебра (на просечна длабочина од 5 до 20 метри) кој се наоѓа на 30 км. од Порто Рико во Карипското море. Музиката е на Влатко Георгиев, а монтажата на Владимир Петровски - Картер.

Повеќе информации за филмот ќе можат да се добијат од самиот автор, за време на дружењето по проекцијата на филмот.

Фестивал на германски филмови - 13.10.2008 год.: „Јела“ во 20 ч. и „Изгубено-најдено“ во 21:45 ч. [Кино Фросина]

20:00 ч.

Јела е германски филм од 2007 година. Во оваа драма на режисерот Кристијан Пецолд играат Нина Хос, Девид Стризов и др.



Синопсис

Јела одлучува да го напушти малото градче во Источна Германија за една работа во Западна Германија, која многу ветува. Зад себе остава распаднат брак и разрушени соништа. Во Хановер го запознава Филип кој работи за една компанија која работи со приватен капитал. Јeла се докажува како негова секретарка во светот на ризичниот капитал. Сè се чини многу едноставно, игра на добитници. Филип е нејзиниот човек, внимателен, несентиментален, со цел пред себе, што може да стане нејзина иднина. Се чини дека Јела е на вистинкото место. Па сепак, во нејзиниот нов живот нешто постојано избувнува, се провлекуваат чудни гласови од сегашноста и шумови од минатото. Таа се плаши дека овој живот не е вистински, дека сонува. Сака да ги држи очите постојано отворени, да не се разбуди од сонот.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 100 минути.



21:45

Изгубено-најдено е омнибус во германската продукција што ги поврзува приказните на младите режисери од најразлични средно и јужноевропски земји: Босна и Херцеговина, Бугарија, Естонија, Романија, Србија, Унгарија.

Целта на проектот е да се спојат луѓето што прават филмови и да се изгради мост со западноевропските односно
со германските продукциски партнери.

Четири краткометражни играни филмови, еден краток документарен филм и една анимација го рефлектираат новото сфаќање и тоа не само на младата генерација. Поединечните приказни во „Изгубено-најдено“ се поврзани преку естонскиот филм Гене-Рација, во кој еден архитект се обидува да ѝ помогне на својата сопруга при раѓањето на нивното заедничко дете. Притоа започнува едно фантастично патување – исто како и Вера со разузданиот белградскиот трамвај, двете девојчиња од различните половини на Мостар или бугарската фирма за организирање на свадби без невеста и зет...

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 95 минути.


Во Тетово игра „На работ на рајот“.

Док (La Jetée), 12 октомври 2008 г. во 21:30 ч. [Мала станица]

За оние кои сакаат да погледаат нешто пократко од вообичаените 90 минути, вечерва Мала станица е правото место.

Вечерва таму игра францускиот филм „Док“, научнофантастичен црно-бел филм од 1962 година, што бил инспирација за „12 мајмуми“ на Тери Гилијам.


Док (француски: La jetée, англиски: The Jetty и The Pier) е дваесет и осум минутен црно-бел научнофанстастичен филм до 1962 година. Режиран е од французинот Крис Маркер. Филмот речиси целосно е составен од неподвижно фотографии. Тој ја раскажува приказната за експеримент со патување во времето во  свет кој преживеал нуклеарна војна.

Во филмот, преживеаните париски жители од Третата светска војна живеат во подземните галерии на Palais de Chaillot.

Тие прават истражувања за патување во времето, со надеж дека ќе испратата некого назад пред уништувачката војна, за да донесе храна, лекови или енергија за сегашноста. Патникот е машки затвореник. Неговото нејасно но опсесивно сеќавање од детството за жена во насилен инцидент на платформата на аеродромот Орли се користи како клуч за неговото патување назад во времето.

Постојано го враќаат назад во времето и тој постојано разговара со жената на терминалот. По неговото патување назад, експериментот продолжува со патување во иднината. Во кратката средба со напредните луѓе од иднината, тие му даваат моќна алатка доволна да му се даде живот на неговото уништено општество.

Кога ќе се врати, другите затвореници го туркаат во смрт. Пред да биде погубен, со него контактираат луѓето од иднината, кои му нудат да го земат во нивното време за да го спасат. Но, тој од нив бара да го вратат во неговото детство. Го враќаат и тој сфаќа дека насилниот инцидент на кој се сеќава како дете е всушност неговата смрт како возрасен човек.

(Никулец на мк.Википедија.)
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.