Кво вадис е епски филм од 1951 година, произведен од MGM. Филмот е режиран од Мервин Лерој а продуциран од Сем Зимбалист, според сценарио на Џон Ли Махин, С.Н. Берман и Соња Левиен, кое е адаптација на романот Кво вадис од Хенрик Сјенкиевич. Музиката за филмот е на Миклош Рожа а кинематографијата на Роберт Суртис и Вилијам В. Скал.
Во филмот настапуваат Роберт Тејлор, Дебора Кер, Лио Генn, Питер Устинов, заедно со Финли Курие, Феликс Ајлмер и Ејбрахам Софер.
Насловот во оригинал "Quo Vadis" (латински), а значи „Што правиш?“ и се однесува апокрифската средба помеѓу Св. Петар и Исус Христот на Апијанскиот пат. Според актите на Петар, Петар, бегајќи од прогонот на императорот Нерон, имал визија за Исус Христос, каде го прашал "Domine, quo vadis?" (Господи, што правиш?). На тоа Исус одговорил: „Каде што одам, ти неможеш да ме следиш сега, но ќе ме следиш подоцна“ (Јован 13:36). Ова Петар мислел дека значи дека Исус ќе се врати назад во Рим за да биде повторно распнат. Следејќи ја својата судбина, Петар се вратил во Рим каде бил распнат на крст во подножјето на Ватиканскиот рид каде денеска се наоѓа базиликата на Св. Петар.
Дејствието се одвива во антички Рим од 64 до 68 година од наша ера, за време на владеењето на императорот Нерон. Предмет на дејствието е конфликтот помеѓу Христијанството и корупцијата на Римското царство, особено во последниот период на Јулијо-Клаудијанската линија. Ликовите и настаните кои се претставени се збир на фактички историски личности и ситуации, но и фиктивно дејство.
Филмот трае 171 минута.
(Статија на мк.Википедија)

0 comments:
Post a Comment