Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Фестивал на германски филмови - 15 откомври 2008 г.: „Вистина или предизвик“ во 20 ч. и „На крај пристигнуват туристи“ во 21:45 ч. [Кино Фросина]

20:00 ч.

„Вистина или предизвик“ е германски филм од 2004 година. Режисери се Јан Мартин Шарф, Арне Нолтинг, а улогите се на Катарина Шитлер, Јохен Никел, Терезе Хемер и др. Овој филм е комедија за млади и за стапувањето во светот на возрасните.



Откако 18-годишната Аника по втор пат ја губи годината, таа мора да го напушти училиштето. Не осмелувајќи се да им го соопшти неуспехот во училиштето на своите амбициозни родители, младата жена бега и се заплеткува во еден привиден свет од лаги и преправања. Секое утро таа храбро ја напушта куќата за навидум да оди на училиште. Таа всушност го поминува времето во еден напуштен автобус или се сретнува со Кај, момчето од соседната населба.

Таа чека прилика за да се исповеда. Животот со лаги додуша има и своја романтична страна, но сепак, постојаните лаги се закануваат да ѝ ја уништат љубовта на Аника.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 90 минути.




21:45 ч.

„На крајот пристигнуваат туристи“ е германски филм од 2007 година. Оваа драма е во режија на Роберт Талхајм. Главните улоги се на Александар Фелинг, Ричард Рончевски, Барбара Висоцка.



Оваа тивка, впечатлива драма докажува дека од соодветна временска перспектива за Аушвиц може да се раскажува разумно и со чувства.

Свен, еден млад Германец, воопшто не помислува на меморијалот на концентрациониот логор во Аушвиц кога се пријавува за цивилна служба во странство. Аушвиц за него претставува мало градче во Полска, со чуден јазик, се разбира и најстрашниот симбол на холокаустот: најголемиот германски логор за уништување, и сè она што го слушал на часовите по историја. Отежнувачка околност е што Свен треба да се грижи за Станислав, кој преживеал во концентрациониот логор и е полн со омраза. Тој раскажува приказни-сведоштва за тоа време, поправа куфери и го шиканира Свен. На разбирање наидува само кај младата преведувачка Ања. Ања сака да го напушти градот, а Свен одлучува да се отакаже од сè. Со спакувани куфери седи на железничката станица. На крајот сепак пристигнуваат туристи, како секој ден, и Свен мора да донесе одлука...

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 80 минути.



На 15, 16 и 17 октомври репризи на неколку филмови што играа во Скопје ќе има во Битола и Штип.

Во Штип со почеток во 19 часот На работ на рајот, Еден ден во Европа и Деца на месечавата светлина, а во Битола, На работ на рајот, Деца на месечавата светлина и Еден ден во Европа, и Изгубено и најдено и Блузот на Шулце, соодветно по датумите.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.