20:00
„Децата на месечевата светлина“ е германски филм од 2006 година во режија на Мануела Штаке. Улогите ги играат Леоние Крал, Лукас Калмус, Ренате Креснер.
13-годишната Лиза дома се грижи за својот двојно помлад брат Паул кој страда од едно неизлечиво кожно заболување т.н. „Болест на месечевата светлина“ и не смее да излегува на сонце. Таа му измислува еден прекрасен универзум од приказни во кој тој самиот е капетан на вселенски брод кој залутал од некоја друга звезда на земјата. За време на денот тој заедно со Лиза доживува фантастични авантури се додека заоѓањето на сонцето повторно не му овозможи да фукционира нормално.
Во оној момент кога Лиза се заљубува во Симон, Паул реагира љубоморно, а Лиза е растргната помеѓу возбудливте часови кои ги поминува заедно со Симон и Паул, кој копнежливо и се понестрпливо ја чека. Постои само една шанса: Симон мора да стане дел од универзумот на Паул.
(Никулец на мк.Википедија.)
Филмот трае 87 минути.
20:45
„Блузот на Шулце“ е германски филм од 2003 година. Режисер е Михаел Шор. Хорст Краузе, Харалд Вармбрун, Карл/Фред Милер и Урсула Шухт играат во главните улоги.
Шулце го минува својот живот во едно мало источногерманско село. Неговиот живот меѓу работата и кафеаните, народната музика и риболовот одеднаш завршува кога тој и неговите другари Манфред и Јирген одат во предвремена пензија. Додека овие двајца се повеќе се препуштат на ништожноста, Шулце преку својот мал радио приемник открива туѓ живот: блузот... Од својата армоника со која досега свирел полка, хоби-музичарот одненадеж почнува да произведува вжештени јужни звуци... Ова е премногу за локалното музичко здружение. Поставен пред изборот да се врати на стариот ритам или да заврши како осамен чудак, Шулце донесува одлука која го води до длабоките мочуришта на Луизијана...
(Никулец на мк.Википедија.)
Филмот трае 110 минути.

0 comments:
Post a Comment