Филмот претставувајќи како повеќе така и помалку познати факти од животот на Мајка Тереза, преку спомените и разказите на нејзини лични пријатели, соседи, роднини и следбеници, говори за првите осумнаесет години од детството и младоста на Гонџа Бојаџиу поминати во нејзиниот роден град Скопје, како и за најзначајните моменти од нејзиниот животен пат.
Интервјуата на најеминентните личности од нашиот политички, верски и културен живот укажуваат на големината, значајноста, влијанието, трагите кои нашата најзначајна, најпозната и најпризната сограѓанка ги остави како светол траг во нашето општество, додека приказот за светскиот поклон пред делото кое го создаде, признанијата и почитта изразени пред нејзината личност ја претставуваат на гледачите големината на мисија на милосрдието која таа ја создаде и која одамна достигна планетарни димензии.
Сценарист на овој проект е личниот пријател, познавач и следбеник на Мајка Тереза – Стојан Тренчевски, кој воедно се појавува во филмот и како водител и придвижувач на фабулното дејствие. Снимател и извршен продуцент е Александар Карпузовски, а режијата е на Кирил Узунов кој се јавува и како монтажер.
(Од известувањето до медиумите испратено од авторот.)

0 comments:
Post a Comment