Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Фестивал на германски филмови - 13.10.2008 год.: „Јела“ во 20 ч. и „Изгубено-најдено“ во 21:45 ч. [Кино Фросина]

20:00 ч.

Јела е германски филм од 2007 година. Во оваа драма на режисерот Кристијан Пецолд играат Нина Хос, Девид Стризов и др.



Синопсис

Јела одлучува да го напушти малото градче во Источна Германија за една работа во Западна Германија, која многу ветува. Зад себе остава распаднат брак и разрушени соништа. Во Хановер го запознава Филип кој работи за една компанија која работи со приватен капитал. Јeла се докажува како негова секретарка во светот на ризичниот капитал. Сè се чини многу едноставно, игра на добитници. Филип е нејзиниот човек, внимателен, несентиментален, со цел пред себе, што може да стане нејзина иднина. Се чини дека Јела е на вистинкото место. Па сепак, во нејзиниот нов живот нешто постојано избувнува, се провлекуваат чудни гласови од сегашноста и шумови од минатото. Таа се плаши дека овој живот не е вистински, дека сонува. Сака да ги држи очите постојано отворени, да не се разбуди од сонот.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 100 минути.



21:45

Изгубено-најдено е омнибус во германската продукција што ги поврзува приказните на младите режисери од најразлични средно и јужноевропски земји: Босна и Херцеговина, Бугарија, Естонија, Романија, Србија, Унгарија.

Целта на проектот е да се спојат луѓето што прават филмови и да се изгради мост со западноевропските односно
со германските продукциски партнери.

Четири краткометражни играни филмови, еден краток документарен филм и една анимација го рефлектираат новото сфаќање и тоа не само на младата генерација. Поединечните приказни во „Изгубено-најдено“ се поврзани преку естонскиот филм Гене-Рација, во кој еден архитект се обидува да ѝ помогне на својата сопруга при раѓањето на нивното заедничко дете. Притоа започнува едно фантастично патување – исто како и Вера со разузданиот белградскиот трамвај, двете девојчиња од различните половини на Мостар или бугарската фирма за организирање на свадби без невеста и зет...

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 95 минути.


Во Тетово игра „На работ на рајот“.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.