Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Модерен словачки филм: „Последниот автобус“ и „Како се готви историјата“, 11.06.2014 (среда), 20.00 часот

Проекции: 11.06.2014 (среда), 20.00 часот

МОДЕРЕН СЛОВАЧКИ ФИЛМ

„Последниот автобус“ 

„Последниот автобус“ е краткометражен авторски филм кој ја обработува универзалната тема на човековиот егоизам и страв. Филмот укажува на вознемирувачката сличност со животинското царство, кадешто хероите во критичните моменти го откриваат својот вистински карактер, и во име на својот спас се способни да ги жртвуваат и своите најблиски.




(Posledný autobus)режија: Мартин Снопек и Ивана Лаучикова
Словачка, 2011, анимиран, 16 мин., оригинална верзија со англиски и македонски превод

Награди:
Гран При, на 8-иот Интернационален фестивал на анимиран Филм во Љубљана, Словенија, 2011; „Награда на младите“, 34-ти Интернационален фестивал на краток филм и Маркет Клермонд Фернанд, Франција 2012; Гран При, Тампер филмски фестивал 2012, Финска; Гран При, 19-ти Фестивал на анимиран филм, Штутгард 2012, Германија; Специјална награда, Интернационален EA филм „Анифилм“, Тржебон, Република Чешка, 2012; Игрик 2012 за Најдобра анимација, Словачка 2012; Гран При, Интернационален филмски фестивал „Нова визика“ во Киев, Украина 2012; Филмска европска награда, Словачка, 2012; Втора награда на жирито на 11-иот „Анимафест“, Кипар 2012; Специјална награда за најдобар славјански филм, Стоптрик интернационален филмски фестивал во Марибор / Ниеполомице, Словенија / Полска 2012; Специјална награда на жирото за најдобро сценарио на 6-иот Интернационален фестивал на анимација „Аниманима“, Чачак, Србијa 2012; Златен октопод за најдобар меѓународен краток фантастичен филм, на 5-иот Европски фестивал на фантастичен филм во Стразбур, Франција 2012; Награда за студентското жири за најдобар меѓународен краток фантастичен филм, на 5-иот Европски фестивал на фантастичен филм во Стразбур, Франција 2012; Гран При, Интернационален филмски фестивал „Порака до луѓето“, Санкт Петербург, Русија 2012; Златен коњаник за анимиран филм, Филмски фестивал Дрезден, Германија, 2013.

„Како се готви историјата“

Документарен филм за воените готвачи. Приказна за тоа како секојдневните потреби на илјадници желудници имале големо влијание врз победите и поразите на државниците. За полната кујна како модел на свет, каде што подготовката на јадењата станува тактика на војување. Војување за големите идеали што стојат на цврстите ногарки на кујнската маса. Филмот „Како се готви историјата“ е „изграден“ на дванаесет готвачки рецепти на воените готвачи од Втората светска војна, сè до војната во Чеченија, од Франција, преку Балканот, па до Русија.



(Ako se varia dejiny)
режија: Петер Керекес
Австрија / Чешка / Словачка, 2009, документарен, 88 мин., оригинална верзија со македонски превод

Награди:
Специјална награда на жирото - Меѓународен филмски фестивал „Feature Hot Docs“ Торонто 2009, Номинација за Наградата на Европската филмска академија - Најдобар документарен филм 2009, The Hugo Gold Award - на Филмскиот фестивал во Чикаго 2009, Награда на жирито - FIPRESCI - на „Лајпциг Докс“ 2009, Филмска награда на Виена за Најдобар документарен филм - Виенале 2009, Награда „Memorimage“ за најдобра продукција 2009, Најдобар документарен филм - на Филмскиот фестивал во Софија 2010, Најдобар игран документарец - на Филмскиот фестивал „Slow Motion Food“ 2011.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.