Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Скопско лето во Кинотека: „Соба со пијано“, 07.07.2014 (понеделник), 21.00 часот

Проекции: 07.07.2014 (понеделник), 21.00 часот

СКОПСКО ЛЕТО ВО КИНОТЕКА

„Соба со пијано“

„Соба со пијано“ е приказ на различни животни судбини доведени на оваа единствена локација од чиј ракурс можат да се допрат најсуштествените аспекти на нашето постоење. Фрагментите од животите на овие “егзистенцијалистички“ карактери се сосема доволни пред нашите очи да истече целиот нивен животен пат. Мотивите се претвораат во фрустрации, амбициите и мечтите водат кон пропаст. Иако нималку слични, претставници на сосема различни социјални и културни групи, овие ликови се обединети во бесмислата на животот. „Соба со пијано“ е најновиот игран филм на Игор Иванов Изи, по сценарио кое во заедничка соработка го напишаа Жанина Мирчевска и режисерот.



„Соба со пијано“
2013 / Македонија
режија: Игор Иванов Изи;
улоги: Наташа Петровиќ, Васил Зафирчев, Ива Крајнц, Торстен Вогеш, Светозар Цветковиќ.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.