Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Модерен словачки филм: „Близнаци“ и „Моето куче Килер“, 10.06.2014 (вторник), 20.00 часот

Проекции: 10.06.2014 (вторник) 20.00 ч.

МОДЕРЕН СЛОВАЧКИ ФИЛМ

„Близнаци“

Сијамските близнаци не се борат само во боксерскиот ринг, туку и надвор од него. Тие заедно го живеат и приватниот, и социјалниот живот, но секој од различна перспектива. „Близнаци“ е анимиран филм за тоа како може да изгледа братската љубов и каде може да одведе...



(Twins)
режија: Петер Будински
Словачка, 2011, анимиран, 6 мин.

Награди:
„Be There“ 2013 - Специјална награда, Зобофка 2012 - Втора награда „Eastward Window“, на Анимафест 2012 - Специјална награда, Анифест 2012 - Најдобар студентски филм и Специјална награда во Филмскиот Вишеград натпревар, 2012 - Специјална награда „Etuda & Anima“ - „Silver Jabberwocky“ - Анилог 2011 - Награда на студентското жири, Баниалуканима 2011 - Награда за креативност и уметнички израз, Ачко 2011 - Најдобар анимиран филм.

„Моето куче Килер“

Приказна за еден ден на словачко-моравската граница од перспектива на осумнаесетгодишниот Марек и неговото куче. Момчето живее со својот татко, а времето го поминува со своите пријатели-расисти. Принуден е постојано да чека нешто или некого, но одеднаш настанува драматичен пресврт. Маѓепсаниот круг е пресечен од настан што може да биде избегнат.



(Môj pes Killer)
режија: Мира Форнеј
Словачка, 2013, игран, 90 мин., оригинална верзија со англиски и македонски превод

Награди:
Награда „Hivos Tiger“ на светската премиера во Ротердам 2013, Награда за најдобра режија на Интернационалниот филмски фестивал „Зеркало“, Русија, Награда „Golden Kingfi sher“ за најдобар игран филм на Филмскиот фестивал „Финале“во Плзен 2013, Адам Михал (во главната улога) ја освои Наградата на публиката за најдобра глума на „Финале“ во Плзен 2013, Специјална награда на жирито на Интернационалниот филмски фестивал „Титаник“ во Будимпешта 2013, Награда за најдобар режисер на Интернационалниот филмски фестивал во Вилниус, во програмата „Нова Европа - Нови имиња”.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.