Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Модерен словачки филм: „Прашина и сјај“ и „Чудо“, 09.06.2014 (понеделник) 20.00 часот

Проекции: 09.06.2014 (понеделник) 20.00 часот

МОДЕРЕН СЛОВАЧКИ ФИЛМ

„Прашина и сјај“

Филмот е инспириран од градот Сан Франциско и неговите жители, неговата прашина и сјај. Се работи за едноставна приказна за двајца луѓе кои живеат еден до друг, но не комуницираат. „Прашина и сјај“ е филм кој е реализиран со комбинација на цртана и компјутерска анимација.



(Dust and glitter)
режија: Михаела Чопикова и Вероника Обертова
2011, анимиран, 11 мин.

Награди:
Најдобар филм на фестивалот „Animazspot“ 2012, Барбенк, Калифорнија. Награда на Уникредит банка за најдобар словачки филм (Награда на публиката), Интернационален филмски фестивал во Братислава, 2011.

„Чудо“

Приказна за петнаесет годишната Ела, која ја носат во поправен дом. Има детско лице и тело, кое и покрај годините изгледа многу женствено. Копнее да љуби, но тоа не и` е дозволено. И покрај сите забрани, таа решава да живее со полн здив. Животот всушност не е тоа што посакуваме, туку она што го живееме. Понекогаш е измачување, но тогаш, кога е најтешко, треба да се верува во чуда. За време на новогодишната забава, Ела решава да побегне од поправниот дом...



(Zázrak)
режија: Јурај Леготски
Словачка / Чешка, 2013, игран, 78 мин., оригинална верзија со англиски и македонски превод

Награди:
Специјална награда - East of the West - на 48-иот Интернационален филмски фестовал во Карлови Вари 2013, Награда за исклучителна актерка - Михаела Бендулова, на 23-иот Филмски фестивал Котбас 2013, „Златен Атлас“ - на 14-иот Филмски фестивал Арас 2013, Најдобра актерка - Михаела Бендулова, 19-ти Филмски фестивал во Вилниус „Кино Павасарис“ 2014, Sun In A Net - Национална филмска награда за Најдобра музика за Петер Мазачек и Мариан Грегорович.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.