Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Модерен словачки филм: „Снег“ и „Куќа“, 08.06.2014 (недела), 20.00 часот

Проекции: 08.06.2014 (недела), 20.00 часот

МОДЕРЕН СЛОВАЧКИ ФИЛМ

„Снег“

Краток филм за жената што ја чека својата љубов, за мажот кој во далечните земји ја бара совршената снегулка, кој ги открива и ги стопува соништата...



(Sneh)
режија: Ивана Шебестова
Словачка / Франција, 2013, анимација, 18 мин., оригинална верзија со англиски и македонски превод

Награди:
„Сонце во мрежа“ 2014 - Награда на Словачката филмска академија за најдобар анимиран филм.

„Куќа“

Интимна драма за врската помеѓу татко и ќерка и за средбата на различни генерации. Имрих го остварува својот животен сон - гради куќа за својата помлада ќерка Ева и верува дека на тој начин засекогаш ќе ги зацврсти семејните врски. Ева, убава девојка на прагот на зрелоста, сонува само за тоа дека после матурата конечно ќе го напушти „ропството на совршениот дом“ и словачкото малограѓанство, заминувајќи да го запознае светот. Таткото и ќерката мора да одлучат во каква насока ќе се движат нивните животи.



(Dom)
режија: Зузана Лиова
Словачка / Чешка, 2011, игран, 100 мин., оригинална верзија со англиски и македонски превод

Награди:
Награда „Кристоф Кишловски“ 2007, Награда „ScripTeast“ - Кан 2007, Награда на студентското жири - Филмски фестивал „Титаник“, Будимпешта 2011, Специјална награда - Интернационален филмски фестивал „Пасаварис“ Вилниус 2011, Анонимул Трофеј (Главна награда) - Интернационален филмски фестивал „Анонимул“, Романија 2011, Најдобар игран филм - Филмски фестивал во Трст 2012, Награда „Нови гласови / Нови визии“ - Интернационален филмски фестивал во Палм Спрингс 2012.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.