Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Модерен словачки филм: „Четири“, „Месечина“ и „Осадне“, 07.06.2014 (сабота) 20.00 часот

Проекции: 07.06.2014 (сабота) 20.00 часот

МОДЕРЕН СЛОВАЧКИ ФИЛМ

„Четири“

Дејството на филмот се одвива при крајот на пролетта, 1937 година. Попладнето дише во носталгична атмосфера, жителите на островот се шетаат по брегот и го очекуваат концертот на популарната пејачка. Приморскиот воздух се меша со пареата на локомотивите и звуците на галебите. Во овој простор-време се испреплетуваат приказните на пилотот Хана, поштарката Ева, продавачката Лилит и пејачката Ариел. Сите четири стануваат дел од една трагедија. Четирипати, од четирите гледни точки на жените, го следиме несреќниот случај и сфаќаме дека хероината ја спојува нешто многу помоќно од обична случајност.



(Štyri)
режија: Ивана Шебестова
Словачка, 2007, анимација, 15 мин., оригинална верзија со англиски и македонски превод

Награди:
Награда на Словачката академија за филм и телевизија за најдобар словачки анимиран филм во 2006-2007 година, Најдобар европски краток филм - Арчипелаго 2008, Интернационален фестивал на краток филм, Рим, Италија.

„Месечина“

„Месечина“ раскажува имагинативна приказна, укажувајќи на изворите на преисториската мистика на човештвото и на основните прашања на метафизиката на доброто и човековата егзистенција. Филмот е изграден врз темелите на високата уметност и користи повеќе различни техники на анимација - од традиционални до современи.



(Mesiac)
режија: Ондреј Рудавски
Словачка, 2010, анимиран, 12 мин.

„Осадне“

„Осадне“ е филм за средбата на највисоките европски лидери со локалните политичари од последното село на границата на Европската Унија. Малото село Осадне ја пречекува делегацијата од Европскиот парламент. Исто така, на покана од Европскиот парламент, институциите во Брисел ќе ги посетат градоначалникот и свештеникот од Осадне.



(Osadné)
режија: Марко Шкоп
Словачка / Чешка, 2009, документарен, 65 мин., оригинална верзија со англиски и македонски превод

Награди:
Најдобар документарен филм на 44-иот Интернационален филмски фестивал во Карлови Вари 2009, Grierson Award Nominee на 53-иот Филмски фестивал „Times“ во Лондон 2009, Награда на публиката на 10-тиот Филмски фестивал „Еден свет“ во Братислава 2009, Најдобар Арт филм на годината, од Асоцијацијата на словачки филмски клубови 2009, Најдобар документарен филм (заедно со филмот „Како се готви историјата“) - Награди на словачката критика 2010, Почесна награда на 50-тиот Филмски фестивал во Краков, 2010, Меморијална награда „Reinhard Kämpf’ на 10-иот Филмски фестивал во Визбаден, 2010.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.