Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Модерен словачки филм: „Камења“ и „Слепи љубови“, 06.06.2014 (среда), 20.00 часот

Проекции: 06.06.2014 (петок), 20.00 чaсот

„Камења“ / KAMENE

режија: Катарина Керекесова,
Словачка, 2010, анимација,
26 мин., оригинална верзија со англиски и македонски превод
Во каменолом, каде што работат многу мажи, пристигнува жена-надзорник. Таа копнее по семејство и деца. Нејзината желба е толку голема, што тоа го посакува и во негостопримливиот крај на каменоломот. Мажот, како и неговите колеги, се промениле под влијание на напорната работа. Жената станува сведок на еден настан и дознава дека човекот што го сака, не се двоуми да изврши убиство. Нејзините чувства и соништа се сосема се менуваат. Со тек на време полудува и негува лажна надеж за љубов и врска со еден од работниците. Во слепиот копнеж по задоволство и деца, таа се приспособува на суровите законитости на каменоломот, подлегнувајќи на искушението да изврши убиство.

Награди:
Сребрена награда –Интернационален филмски фестивал во Дамакс 2010, Награда за најдобар филм од Естонската академија на студентите по анимација, Награда “Brain-tap” – 15-ти Филмски фестивал „Црни ноќи“, Талин, 2011, Прва награда на Интернационален филмски фестивал Фано, 2011.








„Слепи љубови“ /SLEPÉ LÁSKY
режија: Јурај Леготски,
Словачка, 2008, документарен,
77 мин., оригинална верзија со англиски и македонски превод
Филм за љубовта меѓу слепи луѓе. Љубовта може да биде нежна, смешна, дури и слепа... Да се најде вистинското место и среќата во светот, честопати е тешко и за луѓето што имаат нормален вид. Патот на слепите е многу посложен и почувствителен. Нивниот поглед во многу работи е чист и невин, а многу често и забавен. Нивниот поглед ги открива „невидените димензии“ на она што е среќата навистина.

Награди
Награда „CICAE“ – 40-ти Филмски фестивал во Кан 2008, Национална номинација за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје 2008, Номинација за најдобар документарен филм на „Кино за мир“ Берлинале 2009, Златна тајга – 7-ми на Филмскиот фестивал „Дух на огнот“ Ханти- Мансијиск 2009, Награда „Златно око“ за најдобар документарен филм на 4-иот Филмски фестивал во Цирих 2008, Награда „FIPRESCI“ на 10-иот Мотовун филмски фестивал 2008, „Откритие на годината“ – Специјална награда нажирито на 5-иот Интернационален филмски фестивал во Рејкрајвик 2008, Гран При „Cinessonne“ на 10-иот Фестивал на европски филм во Есоне 2008, Специјална награда за документарен филм на 6-иот Интернационален фестивал на современ филм на Мексико, Награда за оригиналност и иновативна режија на 3-иот Филмски фестивал во Атина 2009, Почесна награда на жирито на 5-иот Интернационален фестивал на документарен филм, „Play-Doc“, Награда на публиката за најдобар документарен филм на 20-иот Филмски фестивал во Трст 2009, Најдобар документарен филм на 9-тиот Филмски фестивал „Songes d’une nuit“ во Париз 2008, Најдобар романтичен документарец на „The Fringe Report Awards“ 2009.


0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.