Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Модерен словачки филм: „Фонгополис“ и „Дури до градот Аш“, 05.06.2014 (четврток), 20.00 часот

Проекции: 05.06.2014 (четврток), 20.00 часот

МОДЕРЕН СЛОВАЧКИ ФИЛМ

„Фонгополис“

Млад и надежен музичар добива можност да се пријави на конкурс за позната филхармонија. Со големи очекувања, тргнува на пат до градот Фонгополис. Но, борбата за сопствената иднина нема да ја води во концертна сала, туку на железничката станица. Во збрката од луѓе, мапи, реклами, билборди и разновидни звуци, тој нема да успее да го пронајде патот кон својот воз.



(Fongopolis)
Словачка, анимиран, 13 мин.
режија: Јоана Кожух

„Дури до градот Аш“

Моќна приказна за Доротка од источна Словачка, девојка која под влијание на сопствените животни убедувања, се судрува со реалноста на најзападното ќоше во Чешка. Полна со наивни девојчински претстави за новиот живот, почнува да работи како шивачка во мала фабрика во пограничното гратче Аш, на чешко-германската граница. Тука се собираат луѓе од двете страни, луѓе кои нешто бараат. Девојките кои доаѓаат да работат како шивачки во фабриката, сакаат да си обезбедат достоен живот, а релативно богатите Германци сакаат ефтина забава. Сето тоа се меша во некоја вавилонска збрка на јазици и вредности, каде што се рушат забраните.



(Až do mesta Aš)
Словачка / Чешка, игран, 84 мин., оригинална верзија со англиски и македонски превод
режија: Ивета Грофова

Награди:
Словачки кандидат за Оскар 2012 за Најдобар странски филм, Најдобар режисер - на Филмскиот фестивал „Толифест“, Торун 2012, Најдобар словачки игран филм - Интернационален филмски фестивал Братислава 2012, Филм на годината - Награди на словачката критика 2012, IGRIC Награда за најдобра режија на 24-тите Словачки годишни аудиовизуелни награди 2012, Специјална награда - на Филмскиот фестивал „Crossing Europe“ во Линц, 2013, Специјална награда - Филмски фестивал Ница, 2013.

Видео трејлер:
http://vimeo.com/89559527

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.