Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Maјстори на мак. аматерски филм, 24-25.01.2014 (пет-саб), 20.00h

Проекции: 24-25.01.2014 (петок-сабота), 20.00 часот

МАЈСТОРИ НА МАКЕДОНСКИОТ АМАТЕРСКИ ФИЛМ

Стефан Сидовски и Петре Чаповски

Петре Чаповски е роден во 1954 година во Скопје, Македонија. Тој е филмски аматер од 1970 година, како член на кино клубот „Камера 300“ од Скопје. По десетина години, тој станува член на Академскиот кино клуб од Скопје, каде што активно работи до денес. Го носи звањето „Мајстор на аматерскиот филм“, највисоката титула што ја доделува Кино сојузот на Македонија. Како филмски автор, Петре е автор на повеќе од 50 кратки филмови со кои учествувал на голем број федерални фестивали на аматерски филм на Југославија и државни фестивали на аматерски филм на Македонија, како и на голем број интернационални филмски фестивали.

„Како што минува времето“

Филмски фанатик непрекинато верува во животот на киното како институција.

(As Time Goes By)
краток игран филм, Македонија
2007, 12 мин, колор, ДВ
режија: Петре Чаповски;
сценарио: Петре Чаповски;
улоги: Стефан Сидовски, Биљана Гиновска, Илија Ефтовски, Владо Дојчиновски, Елена Манојловска.

„Социјализмот на мојот татко“

Идеолошките промени во општеството и нивните импликации врз животите на младите луѓе и нивната љубов.

(The Socialism of my Father)
краток игран филм, Македонија
2007, 9 мин, колор, ДВ
режија: Петре Чаповски;
сценарио: Петре Чаповски;
улоги: Биљана Гиновска, Илија Ефтовски, Чедомир Ненковиќ.

„Дождливото сонце“

Македонија во 1948 година. Љубовна приказна во поствоена ситуација. Политички прогон, семејна драма и потомство.

(The Rainy Sun)
краток игран филм, Македонија
2012, 17 мин, колор, ДВ
режија: Петре Чаповски;
сценарио: Петре Чаповски;
улоги: Кристина Илиевска, Илија Ефтовски, Лука Јанкулоски, Стефан Сидовски, Давор Каракашев.


Д-р Стефан Сидовски е роден на 3 октомври 1946 год. во Скопје. Студира филозофија, а естетика слуша кај професорите д-р Павао Вук Павловиќ и д-р Георги Старделов. Во 1973 год. се вработува во гимназијата „Раде Јовчевски - Корчагин“. Во 1995 година магистрира со трудот „Естетската суштина на филмскиот кадар“, а во 2001 год. докторира на тема „Естетиката и дијалектиката во монтажата на филмот“. Уште од гимназизки денови се занимава со аматерски филм, прво самостојно, а потоа, како член на киноклубот „Камера 300“. Од 1975 е член на „Академскиот киноклуб“. Носител е на звањето „Mајстор на аматерскиот филм“. Со своите филмови учествувал на многу меѓуклупски и меѓународни фестивали на кои бил наградуван, а некогаш и забрануван...



„Застој“

Запуштени и напуштени багери за вадење песоки дробење чакал. ‘Рѓосани силоси, скапани ленти и пароли за социјализмот и трудот. Транзицијата како застој.

документарен филм, Македонија
2009, 5 мин, црно-бел, ДВ
режија: Стефан Сидовски;
сценарио: Стефан Сидовски.

„Полуден револуционер“

Во душевната болница, полудениот револуционер сè уште верува во комунизмот и се бори против комунистите кои ја извршиле контрареволуцијата...

краток игран филм, Македонија
2006, 6 мин, црно-бел, ДВ
режија: Стефан Сидовски;
сценарио: Стефан Сидовски.

„Луѓе и добиток“

Сточен пазар. Се продава и купува добиток. Луѓето бројат пари, а добитокот негодува што е стока за купопродажба.

документарен филм, Македонија
2008, 2,5 мин, колор, ДВ
режија: Стефан Сидовски;
сценарио: Стефан Сидовски.

„Имитација на америкен лајф“

Во почетокот на транзицијата на македонското општество, во дивата приватизација, некои луѓе се богатат и го имитираат американскиот стил на живот. Но, дали се среќни?

краток игран филм, Македонија
2003, 5 мин, колор, ДВ
режија: Стефан Сидовски;
сценарио: Стефан Сидовски.

„Дрво на животот"

Еден човечки живот низ реминисценција на визуелно и аудитивно кружење околу исушено дрво кое се разлистува со зелени лисја.

експериментален филм, Македонија
2007, 2,5 мин, колор, ДВ
режија: Стефан Сидовски;
сценарио: Стефан Сидовски.

„Големиот говорник“

Душевно болниот и вообразен водач и говорник зборува против глобализмот и тајните заговорници кои ќе го уништат човештвото...

краток игран филм, Македонија
2007, 6 мин, црно-бел, ДВ
режија: Стефан Сидовски;
сценарио: Стефан Сидовски.

„Ин континуо“

Социјалните разлики се видливи не само во секојдневниот живот туку и на гробиштата...

документарен филм, Македонија
2008, 6 мин, колор, ДВ
режија: Стефан Сидовски;
сценарио: Стефан Сидовски.

„Средба“

Две девојки кои се чувствуваат интимно блиски се среќаваат на клупа во парк како празнична свадбена средба.

краток игран филм, Македонија
2012, 6 мин, колор, ДВ
режија: Стефан Сидовски;
сценарио: Стефан Сидовски.

„Последна прошетка“

Со сеќавања за детството, со возењето на големото тркало во забавниот парк, еден стар човек ја изведува последната прошетка низ Градскиот парк.

краток игран филм, Македонија
2011, 6 мин, колор, ДВ
режија: Стефан Сидовски;
сценарио: Стефан Сидовски.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.