Проекции: 26.01.2014 (недела), 20.00 часот
РИЗНИЦА НА КИНОТЕКАТА
„Каде по дождот“
Лела е ќерка на родители чие учество во војната им овозможило успешни кариери. Таа ги има сите предуслови за лесна и богата егзистенција. Можеби затоа, младата девојка се спротивставува на малограѓанското разбирање на животот. Момчето за кое треба да се мажи, во почетокот така инспиративно во своите постапки и размислувања, сега значи уште едно разочарување повеќе. Некогаш туѓ, конформизмот и за него станува единствен начин на живот. Поради тоа, во една случајна средба, Лела му се подава на едно сосема непознато момче. Не можејќи до крај да се спротивстави на наметнатите норми на средината во која се наоѓа, таа го прифаќа и го прави она што другите го очекуваат и го бараат од неа.
Филмот завршува со текстот: „Постои време за плач и време за смеа... време кога се стекнува и време кога се губи“, од Книгата на Пророкот, глава 3.
игран филм, Македонија
1967, 91 мин, колор, 35 мм
режија: Владан Слијепчевиќ;
сценарио: Јован Ќирилов;
улоги: Али Ранер, Илија Џувалековски, Олга Спиридоновиќ, Станислава Пешиќ.
0 comments:
Post a Comment