Проекции: 23.01.2014 (четврток), 20.00 часот
ФРАНЦУСКИ КИНО КЛУБ
„Брана наспроти Пацификот“
Втора филмска адаптација на истоимениот роман на Маргарит Дирас, по онаа на Рене Клемент од 1958 год., со Ентони Перкинс и Силвана Мангано. Обично новелите на Маргарит Дирас се навраќаат на нејзиното детство поминато во Азија, па тоа е случај и со темата на овој филм на Виетнамецот Рити Пан. Во 1930-тите години во Индокина госпоѓата Дуфресне се бори повторно да ја изгради браната за заштита на оризовите полиња од тајфуните кои доаѓаат од Кинеското Море, во исто време борејќи се со бирократијата, додека нејзините деца сонуваат да избегаат од мизеријата...
(Un barrage contre le Pacifique)
игран филм, Франција
2008, 115 мин, колор, ДВД
режија: Рити Пан (Rithy Panh);
сценарио: Мишел Феслер, според новела на Маргарит Дирас (Michel Fessler, Marguerite Duras);
улоги: Изабел Ипер, Гаспар Улие, Астрид Берже - Фризби (Isabelle Huppert, Gaspard Ulliel, Astrid Bergès-Frisbey).
0 comments:
Post a Comment