Проекции: 27.01.2014 (понеделник), 20.00 часот
МАКЕДОНСКИ СОВРЕМЕН ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ
„Сведоци: Канада“
Компилациски анкетно-биографски документарен филм на историска тема, втор дел од документарната трилогија „Сведоци“, кој ја раскажува приказната за протерувањето на Македонците од Егејска Македонија, овој пат видена низ очите на македонската емиграција во Канада. Во филмот дефилираат повеќе од седумдесетина соговорници, што го прави раритетен во македонската филмска продукција. Филмот е реализиран од интервјуата снимени во Канада во 2011 г., во рамките на владиниот проект со кој раководи Кинотека на Македонија: „Евидентирање, фотографирање, снимање и архивирање на видеоматеријали и разговори со Македонци протерани од Егејска Македонија во 20 век“.
0 comments:
Post a Comment