Проекции: 19.11.2013 (вторник), 20.00 и 22.00 часот
СИНЕДЕЈС, 12-то издание на фестивалот на европски филм
14-23 ноември 2013
www.cinedays.mk
АФРИКА И ЕКВАДОР ВО ФОКУС ВО КИНОТЕКА
20.00 часот
„Во сенката на сонцето“
Документарецот „Во сенката на сонцето“ е сниман во период од шест години и говори за двајца мажи со албинизам во Танзанија кои се обидуваат да ги остварат своите соништа и покрај тоа што се соочуваат со силни предрасуди. Во периодот кога во државата ескалираат бруталните убиства на луѓето со оваа болест, го сретнуваме Џозефат. Тој одлучува да се „судри“ со заедниците каде што се случуваат грозоморните злосторства и вели „Морам да го променам општеството за да ме прифати“. Го посетува островот Укереве каде што живеат 62 луѓе со албинизам, меѓу кои и 15-годишниот Ведастус. На мајката на момчето ù било кажано да го убие уште кога се родил. Потоа тој бил принуден да го напушти училиштето и сега живее отфрлен од заедницата. Но Ведастус сонува да се врати во училишните клупи и да се образува…
IN THE SHADOW OF THE SUN
Времетраење / Runtime: ’88
Држава / Country: Танзанија | Велика Британија / Tanzania | UK
Јазик / Language: Свахили / Swahili
Премиера / Release Date: ноември 2012 (Холандија) / November 2012 (Netherlands)
Режија / Director: Harry Freeland
Продуцент / Produced by: Harry Freeland
Кинематографер / Cinematography by: Harry Freeland
Монтажа / Film Editing by: Ollie Huddleston

Фестивали / Festivals: Thessaloniki Documentary Festival, Planete+ Doc Film Festival, Tallgrass Film Festival
22.00 часот
„Со срцево во Јамбо“
На осми јануари 1988 година кога режисерката на овој документарец, Фернанда Рестрепо, била малечко девојче, животот ù се сменил на најсуров можен начин – нејзините двајца браќа (ималe 14 и 17 години) изчезнале. Семејството потоа дознало дека момчињата биле незаконски приведени, малтретирани и убиени од еквадорската полиција. Сега, неколку децении подоцна, Рестрепо тргнува на болно патување со цел да ја раскаже оваа приказна. Таа се сретнува со осомничените и го посетува езерото Јамбо каде што биле фрлени телата на момчињата. „Да се откажеш е единствениот начин да ја загубиш битката“, вели таткото на режисерката кој сè уште бара одговори и секоја среда протестира на плоштадот пред претседателската палата во Кито.
WITH MY HEART IN YAMBO / CON MI CORAZÓN EN YAMBO
Времетраење / Runtime: ’135
Држава / Country: Еквадор / Ecuador
Јазик / Language: Шпански / Spanish
Премиера / Release Date: 14 октомври 2011 (Еквадор) / 14 October 2011 (Ecuador)
Режија / Director: María Fernanda Restrepo
Продуцент / Produced by: Randi Krarup, Fernanda Restrepo
Кинематографер / Cinematography by: Francois Laso
Монтажа / Film Editing by:Ivan Mora Manzano, Carla Valencia Davila

0 comments:
Post a Comment