Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

СИНЕДЕЈС: Африка во фокус во Кинотека, 18.11.2013 (понеделник), 20.00 и 22.00 часот

Проекции: 18.11.2013 (понеделник), 20.00 и 22.00 часот

СИНЕДЕЈС, 12-то издание на фестивалот на европски филм
14-23 ноември 2013

www.cinedays.mk

АФРИКА ВО ФОКУС ВО КИНОТЕКА

20.00 часот

„Странски“

Документарец кој го прикажува патувањето на младиот Мохамед од Мали до Европа. Филмот се обидува да ги расветли причините за неговата миграција и да ги прикаже неговите секојдневни борби. Желбата да избега од сиромаштијата го носи Мохамед на една од најстарите рути кон „подобар живот“ која минува од Западна Африка преку Алжир и Мароко па сѐ до Шпанија. „Странски“ го документира долгото патување и тешкотиите низ кои минува за да преживее.



FOREIGN / FREMD

Времетраење / Runtime: ’92
Држава / Country: Germany
Премиера / Release Date: 25 April 2013 (Germany)

Режија / Director: Miriam Fassbender
Продуцент / Produced by: Max Milhahn
Продукција / Production Company: Max Milhahn Produktion
Кинематографер / Cinematography by: Miriam Fassbender
Монтажа / Film Editing by: Andreas Landeck

Фестивали / Festivals: Dokumentarfilmwoche Duisburg, Kenya International Film Festival, Vienna International Film Festival, Baghdad International Film Festival, Rwanda Film Festival, Berlin Documentary Forum, DocPoint Helsinki

22.00 часот

„Песочни рибари“

Народот Бозо во најголем дел е населен по течението на реката Нигер во Мали и е познат по своите риболовни вештини. Тие ги знаат водите на реката подобро од било кој друг и се во одлични односи со водните духови. Но изминатите години нивниот живот е станат значително потежок затоа што рибниот фонд се намалува поради климатските промени. Гала е само еден од многуте млади мажи што се чувствуваат принудени да го напуштат селото и семејството и да одат горе по течението на реката за да заработуваат како песочни рибари. Тој го полни својот традиционален дрвен чамец со песок и со ситни камења од реката, а потоа во главниот град на Мали, Бамако, материјалот го продава за употреба во градежната индустрија.



SAND FISHERS HAMOU BEYA / HAMOU PEYA PÊCHEURS DE SABLE

Времетраење / Runtime: ’72
Држава / Country: Франција | Мали / France | Mali
Јазик / Language: Бозо | Бамбара / Bozo | Bambara
Премиера / Release Date: 2012

Режија / Director: Diarra Andrey Samoute
Продуцент / Produced by: Diarra Andrey Samoute
Кинематографер / Cinematography by: Abdélah Coulibaly
Монтажа / Film Editing by: Jean-François Hautin

Фестивали / Festivals: International Documentary Film Festival in Munich, Lusaka International Film
and Music Festival, Festival International du Film D’Amiens.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.