Проекции: 17.11.2013 (недела), 20.00 и 22.00 часот
СИНЕДЕЈС, 12-то издание на фестивалот на европски филм
14-23 ноември 2013
www.cinedays.mk
АФРИКА ВО ФОКУС ВО КИНОТЕКА
20.00 часот
„Полуживот во Најроби“
Млад и надежен актер од внатрешноста на Кенија мечтае да стане познат и заради тоа заминува во градот на можностите, Најроби. Неговата среќа или можеби подобро кажано недостатокот од неа, го соочува со уличните криминалци и тој се спријателува со еден ситен крадец. Набрзо е вовлечен во криминалните води, но во исто време се обидува да се пробие и како актер. Сепак не е лесно да се одржат овие два света одвоени… Приказна за еден млад човек кој и покрај лошите изгледи дека ќе успее, чекори кон својот сон. Неговиот живот е вистинско сведоштво дека најчесто самите ние сме си единствена пречка на патот кон реализација на сопствените цели.
NAIROBI HALF LIFE
Времетраење / Runtime: ’96
Држава / Country: Кенија | Германија / Kenya | Germany
Јазик / Language: Свахили | Кикују | Англиски / Swahili | Kikuyu | English
Премиера / Release Dat: 8 декември 2012 (САД) / 8 December 2012 (USA)
Режија / Director: David ‘Tosh’ Gitonga
Сценарио / Writers: Potash Charles Matathia, Samuel Munene, Serah Mwihaki
Продуцент / Produced by: Sarika Hemi Lakhani, Tom Tykwer, Ginger Wilson
Продукција / Production Companies: One Fine Day Films, Ginger Ink Films
Кинематографер / Cinematography by: Christian Almesberger
Монтажа / Film Editing by: Mkaiwawi Mwakaba
Улоги / Cast: Joseph Wairimu, Olwenya Maina, Nancy Wanjiku Karanja
Фестивали и награди / Festivals and awards: Nashville Film Festival 2013 – Won Award for Best Actor in New Director, Competition and Award in the New Directors Competition
Други фестивали / Other festivals: Durban International Film Festival, Zurich Film Festival, Santa Fe International, Film Festival, International Film Festival Rotterdam, Portland International Film Festival, Festival Internacional de Cine de Monterrey
22.00 часот
„Град на тркачи“
Документарецот „Град на тркачи“ ја раскажува приказната за две девојчиња од руралното гратче Бекоџи во Етиопија кои се обидуваат да „истрчаат“ кон поинаков живот. Наратор во филмот е пријателот на двете атлетичарки, Бирук, и ги следиме нивните искачувања и падови во текот на трите години додека тие се подготвуваат да станат професионални спортистки. Интересен е податокот дека Бекоџи воедно е и родно место и на олимписките шампиони Тирунеш Дибаба и Кенениса Бекеле.
TOWN OF RUNNERS
Времетраење / Runtime: ’80
Држава / Country: Етиопија | Велика Британија / Ethiopia | UK
Јазик / Language: Оромо | Амхарски / Oromo | Amharic
Премиера / Release Date: 20 април 2012 (Велика Британија) / 20 April 2012 (UK)
Режија / Director: Jerry Rothwell
Продуцент / Produced by: Dan Demissie, Al Morrow
Продукција / Production Companies: Met Film Production, Klikk Production
Фестивали и награди / Festivals and awards: BCN Sports Film Festival 2012 – Award for the Best Report
Други фестивали / Other festivals: Tribeca Film Festival, Docville IFF, Little Rock Film Festival, Sheffield Doc/Fest, EBS International Documentary Film Festival in South Korea, Sanfic 8, Bolder Life Festival
0 comments:
Post a Comment