Проекции: 03.10.2013 (четврток), 20.00 часот
„Скопје '63“
Филмот е хроника на настаните непосредно пред, за време и по катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година. Преку изворни материјали се прикажани разурнувањата и последиците од катастрофалниот земјотрес, потоа расчистувањето на урнатините, последниот поздрав со загинатите најблиски, помошта што Скопје ја прими од земјата и од странство, обновата на градот итн.
Награди: 1964 МФФ, Венеција, Златен лав на Св. Марко, 1964 МФФ, Венеција, Сребрена гондола 1964 Награда УНЕСKО, 1964 МФФ, Единбург, Награда за најдобар филм 1965 МФФ, Вајадолид, Прва награда на фестивалот 1965 ФЈДКФ, Белград, Најдобар филм на фестивалот 1965 ФЈДКФ, Белград, Прва Награда за режија на Вељко Булаиќ 1965 Лајпциг, Специјална награда по повод 800 годишнината на градот 1965 Монте Карло, „Златна нимфа“.
1964, 92 мин., црно-бел, 35 мм
режија: Вељко Булаиќ
сценарио: Георги Старделов, Јован Бошковски, Матеа Матевски, Ратко Ѓуровиќ, Стеван Булаиќ
0 comments:
Post a Comment