Проекции: 04.10.2013 (петок), 20.00 часот
„Мементо“
Еден ден спроти земјотресот во Скопје, се запознаваат Вили Милер, германски диригент на пропатување низ Македонија, и Јана, млада девојка, студентка. Нивната повторна средба е по неколку години кога Вили Милер диригира еден концерт на Средбата на солидарноста во Скопје. Тие неколку дена минати заедно се исполнети со своевидна реминисценција на Јана за доживеаната семејна трагедија, за нејзините лутања и барање начин повторно да се започне животот, запрен во денот на замјотресот. Можноста да замине со Милер е привлечна, но Јана останува во Скопје. Нејзиното место е покрај момчето за кое ја врзува вистинска љубов.
игран филм, Македонија
1967, 97 мин., црно-бел, 35 мм
режија: Димитрие Османли;
сценарио: Димитрие Османли, Јован Бошковски, Ташко Георгиевски;
улоги: Драги Костовски, Нада Гешовска, Петре Прличко, Ќерамилац Предраг, Рената Фреинскорн, Жигон Стево, Тодор Николовски.
улоги: Драги Костовски, Нада Гешовска, Петре Прличко, Ќерамилац Предраг, Рената Фреинскорн, Жигон Стево, Тодор Николовски.
0 comments:
Post a Comment