Проекции: 07.12.2012 (петок), 20.00 часот
Циклус филмови на Андреј Тарковски
„Андреј Рубљов“
Во 15 век руските земји минуваат низ турбулентни времиња, растргнати од татарската инвазија и борбата за превласт помеѓу руските принцови. Во такво опкружување, Андреј Рубљов, монах и иконописец, се обидува да проникне во суштината на уметноста и на верата, ги разгледува можноста и потребата да твори во услови на репресија и неправда, размислува за улогата на индивидуалецот, заедницата и власта во создавањето на духовна и епска уметност...
За „Андреј Рубљов“, Тарковски во 1969 година на Канскиот филмски фестивал ја добива наградата на Меѓународната федерација на филмски критичари (ФИПРЕСЦИ). Во Советскиот Сојуз, филмот за првпат е прикажан три години подоцна, во 1972 година. Сметајќи го филмот за застрашувачки, неисториски и мрачен, советската цензура од филмот отстрани цел час снимен материјал.

(Андрей Рублёв)
игран филм, СССР
1966, 175 мин., црно-бел, ДВД
режија: Андреј Тарковски (Андрей Тарковский);
сценарио: Андреј Тарковски, Андреј Кончаловски (Андрей Тарковский, Андрей Кончаловский);
улоги: Анатолиј Солоницин, Иван Липиков, Николај Гринко, Николај Бурљаев (Анатолий Солоницын, Иван Лапиков, Николай Гринько, Николай Бурляев).

0 comments:
Post a Comment