Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Циклус филмови на Андреј Тарковски: „Ивановото детство“, 08.12.2012 (сабота), 20.00 часот


Проекции: 08.12.2012 (сабота), 20.00 часот

Циклус филмови на Андреј Тарковски

„Ивановото детство“ 


На источниот фронт, за време на Втората светска војна, 12-годишниoт Иван шпионира и собира информации во корист на Советската армија. Навлегува длабоко зад германските редови, го ризикува сопствениот живот, иако причината за тоа на возрасните и искусни војници не им е секогаш јасна. Иако делува цврсто и одлучно, Иван често сонува за среќните моменти поминати со мајката, која заедно со сестра му, умира во концентрационен камп. Советските офицери се обидуваат да се погрижат за момчето, да го сместат во интернат, подоцна и во воена школа, но малиот сирак инсистира да остане на фронтот и да се одмазди за смртта на своето семејство.
Снимен според расказот „Иван“ на Владимир Богомилов, „Ивановото детство“ во 1962 година го освои „Златниот лав“ на Венецискиот филмски фестивал.



(Иваново детство)
игран филм, СССР
1962, 96 мин., црно-бел, ДВД
режија: Андреј Тарковски (Андрей Тарковский);
сценарио: Михаил Папава, според расказ на Владимир Богомолов (Михаил Папава, Владимир Богомолов);
улоги: Николај Бурљаев, Валентин Зубков, Евгениј Жариков, Степан Крилов, Николај Гринко (Николай Бурляев, Валентин Зубков, Евгений Жариков, Степан Крылов, Николай Гринько).

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.