Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Циклус филмови на Андреј Тарковски: „Сталкер“, 06.12.2012 (четврток), 20.00 часот

Проекции: 06.12.2012 (четврток)

19.00 часот

Промоција на книгата „Христијанските слики и симболи и нарацијата во филмовите на А. А. Тарковски“ од м-р Атанас Чупоски, во издание на Кинотека на Македонија.


20.00 часот

Циклус филмови на Андреј Тарковски

„Сталкер“

„Сталкер“ на Тарковски е уште една адаптација на роман, во овој случај „Пикник покрај патот“ на браќата Борис и Аркадиј Стругацски.
Во близина на сивиот и безимен град се наоѓа „Зоната“, напуштено место заштитено со војска и бодликава жица, во кое не владеат познатите закони на физиката. Сталкер е еден од неколкумината водичи кои имаат посебни ментални способности да ги одведат заинтересираните низ „Зоната“ до „Собата“ - место каде што сечии желби можат да се реализираат. Ваквото патување не е праволиниско и директно, ниту легално, и тие што влегуваат во забранетата зона, ризикуваат затвор. Сталкер се нафаќа да однесе двајца кандидати - еден познат писател кој се сомнева во својата генијалност, и еден тивок научник повеќе загрижен за сопствениот ранец отколку за самото патување, но колку се поблиску до целта, сфаќаат дека не е само упорноста таа што треба да ги доведе до целта, туку верата.
Во 1980 година, „Сталкер“ беше награден со специјална награда на Екуменското жири на Канскиот филмски фестивал.



(Сталкер)
игран филм, СССР
1979, 163 мин., црно-бел/колор, ДВД

режија: Андреј Тарковски (Андрей Тарковский);
сценарио: Аркадиј и Борис Стругацки, според нивни роман (Аркадий & Борис Стругацкий);
улоги: Александар Кајдановски, Николај Гринко, Антаолиј Солоницин (Александр Кайдановский, Николай Гринько, Анатолий Солоницын).

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.