Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Во седло со ѓаволот“, 15 и 16 април (четврток и петок), 20 часот

Џејк Редел и Џек Бул Чилс се пријатели во Мисури кога ќе отпочне Граѓанската војна. Жените и обоените луѓе се речиси без никакви права. Таткото на Џек Бул е убиен од војниците на Унијата, па двајцата младичи им се приклучуваат на герилците коишто се борат на страната на Југот. Се запознаваат со поранешниот роб и Црнец Дениел Холт, чија слобода е купена од страна на Џорџ Клајд. Влегуваат во престрелка, па минуваат часови во криење. Младата вдовица Сју Ли им носи храна. Таа и Џек Бул стануваат љубовници, а кога тој ќе биде смртно ранет, Џејк ја придружува до една фарма на Југот, каде ќе биде безбедна. Предводени од човек желен за одмазда, герилците ненадејно напаѓаат во Канзас. Деветнаесетгодишниот Џејк не го потресува многу војната, но како што му умираат другарите еден по еден, тој решава да ја одбрани и нивната и својата чест.


Ride with the Devil
САД/ 1999 година
35мм/ 138`

Режија: Анг Ли
Сценарио: Џејмс Шамус, според романот на Даниел Вудрел
Улоги:Тоби Мегваер, Џереми В. Оман

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.