Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Кеј-Пекс“, 13 и 14 април (вторник и среда), 20 часот

Откако ќе биде уапсен на железничката во Њујорк Сити, човекот кој си се нарекува Прот и кој тврди дека е дојден на Земјата од својата матична планета Кеј-Пекс, ќе биде однесен во психијатриската болница на Менхетен зашто се верува дека е ментално болен. Марк Пауел е психологот кој решава да го третира новиот пациент. Прот е навидум мирен и поседува исклучително големо знаење што просто збунува. Но во една прилика, Прот ќе има насилничка епизода во куќата на д-р Пауел, што само ќе го зголеми интересот на докторот за минатото на пациентот. Терапијата ја открива емоционално болната историја на човек по име Роберт Портер. Прот најавува дека ќе си замине за неколку дена, а д-р Пауел се труди да стигне до вистината. Патем, Прот ги запознава и другите пациенти во установата и се обидува да им помогне. Дали Прот навистина доаѓа од друга планета или е производ на заблуден ум?


K-PAX
САД, Германија/ 2001 година
35мм/ 120`

Режија: Јан Софтли
Сценарио: Чарлс Ливит според романот на Џин Бруер
Улоги: Кевин Спејси, Џеф Бриџис

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.