Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Народот против Лари Флинт“, 10 и 11 април (сабота и недела), 20 часот

Лари Флинт е сопственик на стриптиз-клуб. Неговиот хедонизам се граничи со одвратност, неговата непокорност е константа. Заедно со сопругата Алтеа води порнографско списание коешто ги игнорира општествените вредности и табуа. Списанието „Хастлер“ им носи милиони, но им го носи и гневот на „чесните“ луѓе. Филмот ја раскажува борбата што Флинт ја води во судниците со цел да ја заштити слободата на говор за сите луѓе, потсетувајќи не` на големината што човекот може да ја достигне дури и кога се соочува со парализа, зависност од дроги, ментална болест и влошеното здравје на саканата. Нормално, ако го преживее обидот за атентат.


The People vs. Larry Flynt
САД/ 1996 година
35мм/ 129`

Режија: Милош Форман
Сценарио: Скот Александер, Лари Каражевски
Улоги: Вуди Харелсон, Кортни Лав

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.