Оваа драма претставува обид да се екранизира новелата на Кнут Хамсун „Талкачи“, за која тој ќе добие Нобелова награда во 1927 година. Приказната раскажува за Едеварт, млад дечко кој се труди да си го најде своето место под сонцето. Прво ќе се здружи со Огист, шармантен трговец. Нешто подоцна, сфаќа дека Огист не е човекот на кој би сакал да се угледа. Се запознава и заљубува во Ловиз Маргрет, мажена жена која живее сама на една сточарска фарма. И таа не е рамнодушна пред него, но му останува верна на совјот исчезнат маж, па така нивното познанство не се претвора во прекрасна романса. Долгогодишните маки на Едеварт се решаваат дури кога ќе се врати мажот на Ловиз.
„Талкачи“/ Landstrykere/ Wayfarers
Колор игран филм/ 1989 година/ 138 минути
Режија: Ола Солум
Сценарио: Ларс Сабие Кристенсен, Ханс Линдгрен, Ола Солум
Директор на фотографија: Харалд Гунар

0 comments:
Post a Comment