Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Растење на земјата“, 28 ноември (сабота), 20 часот

Заснован врз популарната новела од 1917 година (за која Кнут Хамсун ќе ја добие Нобеловата награда за литература во 1920 година), долго време се верувало дека филмов е „изгубен“ се` додека не се појави нецелосна копија во Њујорк. Во 1991 година на виделина излегува уште една копија во Холандскиот филмски музеј. Поголемиот дел од конечната верзија на филмот е направен од овие две копии. Леиф Халворсен ја компонира филхармониската придружба за филмот.



Средовечниот Исак си има мал имот среде пустелија. Подоцна ќе му се придружи Ингер, која е убава, но нагрдена со зајачка уста. Заедно се прилагодуваат на пустелијата и формираат семејство. Имаат две момченца и едно девојченце. И девојчето е родено со зајачка уста, па Ингер ќе го убие и закопа. Ова ќе го види сосетката Олин и ќе ги рашири вестите. Најпосле, Ингер е пред суд и ќе биде обвинета на осум години затвор, без притоа да знае дека е повторно бремена.


Исак е емотивно уништен, но продолжува да се грижи за синовите. И` продава дел од земјиштето на една компанија за вадење бакар и се збогатува. Неколкумина купуваат земјиште во негова близина. По осум години Ингер е на слобода и се враќа дома со ќерката што ја родила во затвор. Во продолжение, дејствието ја следи следната генерација...

„Растење на земјата“/ Markens Grøde/ Growth of the Soil
Црно-бел игран филм/ 1921 година/ 107 минути

Режија: Гунар Сомерфелд
Сценарио: Гунар Сомерфелд
Директор на фотографија: Георг Шнивојт

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.