Ове Роландсен се стреми да напредува во животот, но притоа и да се забавува. Годината е 1903-та, тој работи како телеграфист во еден град на северниот брег на Норвешка. Сака и да се ожени со Елиза, ќерката на сопственикот на локалната фабрика. Елиза е прекрасна и заинтересирана за него, но од бракот ги делат две пречки. Прво, таа е верена со сопственикот на бродот, чии познанства и врски се важни за бизнисот на татко и`. А второ, Ове не е баш најбогатиот во градот. Токму затоа, тој ќе и` се предаде на својата втора вокација, пронаоѓањето, надевајќи се дека ќе открие некој изум што ќе го направи богат. Во меѓувреме, не му пречи да оди в кревет со убавата жена на локалниот свештеник.
„Телеграфист“/ Telegrafisten/ Telegraphist
Колор игран филм/ 1993 година/ 102 минути
Режија: Ерик Густавсон
Сценарио: Ларс Сабие Кристенсен
Директор на фотографија: Филип Егард

0 comments:
Post a Comment