Кнут Хамсун е најпознатиот и најценетиот норвешки автор. Уште во младите години кај него се јавува омраза спрема Англичаните поради гладта во која ја фрлија Норвешка за време на Втората светска војна. Кога Германците ќе ја окупираат Норвешка на 9 април 1940 година, тој со раширени раце ги прифаќа зашто тие можат да ја гарантираат безбедноста на норвешка од Велика Британија. Тој ги поддржува националните социјалистички идеали, но се спротивставува на начинот на кој тие се спроведуваат на дело – односно на фактот што Норвежани се затворани и убивани. Жена му Мари заминува во Германија за време на војната за да му даде поддршка.
„Хамсун“/ Hamsun
Колор игран филм/ 1996 година/ 159 минути
Режија: Јан Троел
Сценарион: Јан Троел, Пер Олов Енгвист, Мадлен Фант (според биографијата на Мари Хамсун и книгата „Процесите на Хамсун“ од Торкилд Хансен)
Директор на фотографија: Јан Троел, Миша Гаврјусјов

0 comments:
Post a Comment