Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Две зелени пердувчиња“, 26 ноември (четврток), 20 часот

Кога Едварда ќе пристигне во норвешкото селце кај едно семејство, око ќе и` фати Томас Глан помладиот. Набрзо, тие се вљубуваат. Нивната врска е страсна, но токму тоа носи проблеми. И двајцата се премногу сигурни во своите ставови, и двајцата се однесуваат по малку чудно. Љубовта се претвора во омраза и наместо да прават се` за да му угодат на другиот, тие прават се` за да го повредат другиот психолошки. И двајцата ги бива за ова, па од големата љубов останува само тажна и депресивна приказна за две уништени личности. Приказната ја раскажува Томас Глан додека е во „егзил“ на Тајланд, каде, на почетокот на филмот, ќе добие две зелени пердувчиња од Едварда.



„Две зелени пердувчиња“/ Pan/ Two Green Feathers
колор игран филм/ 1995 година/ 115 минути

Режија: Хенинг Карлсен
Сценарио: Хенинг Карлсен, Кнут Хамсун
Директор на фотографија: Хенинг Кристијансен

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.