Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Црниот бран во српскиот филм, 13-21 ноември

Од утре (13 ноември) Кинотеката на Македонија започнува со прикажување на филмскиот циклус „Црниот бран во српскиот филм“. Циклусот ќе трае до 21 ноември. Во рамките на овој циклус ќе бидат прикажани 9 играни и 2 документарни филмови(„Парада“ на Душан Макавејев од 1962 година и „Забранети без забрана“ на Динко Туцаковиќ и Милан Никодиевиќ - документарен филм за Југословенскиот црн бран во филмот во кој преку искази на учесниците и инсерти од филмовите, се реконструира времето и се анализираат причините за појавата на црниот бран).
Во овие девет дена публиката ќе има можност да ги погледне најзначајните преставници на еден од најзначајните филмски правци од 60-тите години на минатиот век. Филмови и автори кои се закитени со бројни награди (странски и југословенски) и филмови кои не биле често прикажувани на филмското платни за време на социјализмот. Дел од овие филмови се прикажувани и во Македонија со помош на Сенеастичките вечери, организирани од страна на филмската младина на град Скопје, а со поддршка на градските кина, но дел од нив за првпат ќе имаме прилика да ги видиме сега.
По овој повод, гостин на Кинотеката ќе биде проф. Марко Бабац, еден од авторите во Црниот бран. Филмот „Капки, води, војници“, чиј коавтор е Марко Бабац, ќе биде прикажан на отворањето на фестивалот.




Марко Бабац е филмски режисер, монтажер и професор на Академијата за филм во Белград, а покрај другото е основач на Катедрата за филмска и ТВ монтажа во Бања Лука. Автор е на учебниците „Техника на филмската монтажа“ (1876, 1986, 1997 год.) и „Јазикот на подвижните слики“ (2000 год.). Главен уредник е на „Лексикон на филмски и телевизиски поими“ (1993, 1997 год.). Ги објавил и книгите „Кино клуб - Белград“ (2001 год.) и „Сомнабулен филм“ (2004 год.).

За време на посетата на Македонската кинотека, проф. Бабац ќе одржи три предавања:

1. „Црниот филм во југословенската кинематографија“ (петок, 13 ноември, ФДУ, 17 часот);

Отворени предавања:

2. „Визуелната природа на филмот“, предавање посветено на Славко Воркапиќ со проекција на филмовите: „Живот и смрт на холивудскиот статист 9413“, „Пештерата на Фингал“ и „Шума шумори„ (сабота, 14 ноември, Кинотека - киносала, 11 часот);

3. Предавање посветено на Мери Пикфорд со проекција на филмот „На споредната врата“ (сабота, 14 ноември, Кинотека - киносала, 16 часот).

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.