Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

„Кога јагнињата ќе стивнат“ (The Silence of the Lambs), 10 и 11 ноември (вторник и среда), 20 часот


Психопат познат како Бафало Бил киднапира и убива млади жени во регионот Мидвест. ФБИ ја испраќаат Клариса Старлинг да интервјуира еден луд  затвореник кој би можел да помогне во составувањето на психолошкиот профил на убиецот. Затвореникот е поранешен психијатар, д-р Ханибал Лектор, брилијантен крволочен човекојадец кој ќе и` помогне на Старлинг само доколку таа ја храни неговата морбидна љубопитност со детали од својот личен компликуван живот. Ваквиот изопачен однос ја принудува Старлинг да се соочи не само со сопствените психолошки демони, туку и со лудиот грозоморен убиец, олицетворение на злото, толку моќно што таа можеби нема да има храброст – ниту пак сила – да го спречи!



САД / 1991 година / 118 минути

Режија: Џонатан Деми
Сценарио: Томас Харис, Тед Тали
Актери: Џоди Фостер, Антони Хопкинс, Скот Глен, Антони Хелд

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.