Во периодот од 27-ми октомври до 2-ри ноември, во Кинотеката на Р. Македонија ќе се репризира ревијата на шпанскиот филм, којашто заврши минатата недела.
Повторно ќе бидат прикажани шпанските класици „Смртта на велосипедистот“ (Хуан Антонио Бардем, 1955 год.), „Виридијана“ (Луис Буњуел, 1961 год.), „Џелат“ (Луис Гарсија Берланга, 1963 год.), „Пеперминт фрапе“ (Карлос Саура, 1967 год.), „Пчеларникот“ (Марио Ками, 1982 год.), „Кика“ (Педро Алмодовар, 1993 год.) и „Отвори ги очите“ (Алехандро Аменабар, 1997 год.)
Филмовите се со превод на англиски и македонски јазик.
Претставите почнуваат во 20 часот.
Влезниците чинат 50 денари.
0 comments:
Post a Comment