Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Премиера на македонскиот филм „Бунило“, 25 октомври (недела), 20 часот

Во Кинотека на Македонија, на 25 октомври, 20:00 часот ќе се одржи премиера на играниот филм „Бунило“ (50 мин.) на режисерот Даријан Пејовски.

Даријан Пејовски е роден 1983 година во Скопје. Во 2009 година дипломира филмска и ТВ режија на ФДУ Скопје во класата на проф. Столе Попов. Автор е на 3 краткометражни филмови („City Bus Symphony“, „15 Секунди“, „Порака“), рекламни и музички спотови, тв емисии и документарни филмови.

Филмот е во продукција на „Триангл филм“ во соработка со „Гејзер продукција“, а проектот е подржан од Советот за радиодифузија на РМ како проект од јавен интерес.


Режија: Даријан Пејовски
Продуцент: Данчо Чеврески
Сценарио: Русомир Богдановски косценаристи: Вардан Тозија, Даријан Пејовски
Директор на фотографија: Апостол Трпески
Монтажа: Филип Грчевски
Музика: Александар Пејовски
Сценографија: Срѓан Митровиќ

Улоги: Тони Михајловски, Ана Стојановска., Данчо Чеврески, Милиана Ленак, Висар Виска, Катина Иванова, Драган Миладиновски, Жаклина Стефковска


Содржина:
Игор, полицаец од Скопје, по грешка убива цивил. Тој прифаќа понуда од својот претпоставен да помине неказнет, но под услов да биде прекомандуван во погранично село, што подалеку од Скопје. Игор предоцна дознава дека понудата е всушност уцена која ќе го доведе до морален и емотивен распад.


Влезот е бесплатен.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.