„Играч“ е сатиричен филм од 1992 година. Режиран е од Роберт Алтман, а базиран е на книга на Мајкл Толкин, кој исто така е автор на сценариото.
Приказната е за директор на едно холивудско студио кој убива еден писател мислејќи дека тој му испраќа заканувачки пораки.
Филмот е исполнет со холивудски финти и шеги и се смета за критика на филмскиот бизнис кој лошо ги третира авторите и го жртвува квалитетот за комерцијален успех.
Улогите ги играат: Тим Робинс, Грета Скаки, Фред Вард, Вупи Голдберг, а многу актери се појавуваат во камео-улоги.
Филмот трае 124 минути.

0 comments:
Post a Comment