Во периодот од 16-ти до 22-ри октомври, во Кинотеката на Р. Македонија ќе се случува недела на шпанскиот филм.
Филмската ревија ќе ја отвори филмот „Смртта на велосипедистот“, снимен во 1955 година во режија на Хуан Антонио Бардем. Проекцијата ќе почне во 20 часот, а ќе се репризира во 22 часот. Понатаму ќе следат уште шест класици од историјата на шпанската кинематографија: „Виридијана“ (Луис Буњуел, 1961 год.), „Џелат“ (Луис Гарсија Берланга, 1963 год.), „Пеперминт фрапе“ (Карлос Саура, 1967 год.), „Пчеларникот“ (Марио Ками, 1982 год.), „Кика“ (Педро Алмодовар, 1993 год.) и „Отвори ги очите“ (Алехандро Аменабар, 1997 год.)
Ревијата, која ја претставува шпанската кинематографија во мало, е организирана во соработка со Шпанската кинотека и Министерството за култура на Р. Македонија. Учество зема и Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје.
Филмовите се со превод на англиски и македонски јазик.
Претставите почнуваат во 20 часот.
Влезниците чинат 50 денари.
Филмската ревија ќе биде репризирана во периодот од 27-ми до 2-ри ноември 2009 година.
0 comments:
Post a Comment