Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Ревија на кратки и документарни македонски филмови (12-15 октомври)

12 октомври (понеделник)

„Далеку од дома“, документарен филм

Времетраење: 40’
Сценарио: Владимир Поповски
Камера: Антонио Божиновски
Монтажа: Благоја Недекловски
Продуцент: Лазар Угуровски
Режисер: Чедо Поповски
Улоги: Владо Јовановски

Содржина:
Основната идеја за изработка на документарниот филм „Далеку од дома“ се наметна со присутноста на проблемот во сферата на музејско-културната традиција на тлото на Македонија кога станува збор за странските воени споменици, спомен обележја и воени градби на македонско тло во текот на 20-тиот век. Актуелноста на прашањето односно, значењето, негувањето, реставрацијата и одржувањето на овие споменици ни даде за право своите истражувачки активности да ги насочиме кон оваа актуелна музејско-историска тематика и да доживее сценарио и реализација на документарен филм со работен наслов ,,Далеку од дома“.
Во последните две години, илјадниците гробови на странските војници во Македонија без разлика дали биле напаѓачи или бранители, ги смирија некогашните непријатели. Германски амбасадор на француските грбишта и францускиот амбасадор на германските гробишта читаа писма на помирување. Ако на наша територија, во време кога грчевито се трудиме да станеме дел од европското семејство и НАТО, големите сили си подаваат рака, тогаш тоа е добра можност и Македонија на светот да му покаже колку жртвувала и колку изгубила за денешна Европа. а за возврат да добиеме почитување и она што секојдневно го бараме, еднакво место под европското сонце. Овој документарен филм треба да потсети дека мирот во Европа го сакаме сите, но дека за него гинеа Французи, Англичани, Германци, Бугари, Грци, Италјијанци и, се разбира, Македонци. За тоа сведочат илјадниците гробови на знајни и незнајни јунаци и затоа во нивна чест и слава се промовира документарниот филм ,,Далеку од дома“.


„Внатре“, анимиран филм

Времетраење: 8’
Режија: Иван Ивановски
Директор на фотографија: Иван Ивановски

Содржина:
Внатре, во простор помеѓу четири ѕида; Внатре, во индивидуалниот свет на халуцинациите и очекувањата... Филмот „Внатре“ не` запознава со изолираниот свет на ликот, кој живее во носталгија за минатите моменти поминати со таа што ја љуби.


Вторник (13 октомври)

„Еден“, краток игран филм

Времетраење: 28`
Режија: Вардан Тозија
Сценарио: Вардан Тозија
Директор на фотографија: Ѓорѓи Клинчаров
Продуцент: Михајло Цветановски

Содржина:
Краткометражниот филм „Еден“ поврзува два контрапункта: фрагмент на веројатната реалност, субјективен поглед кон психозата и стравот во услови нанеразбирлива војна и футуристичкиот епилог што се движи по тенката нишка на надреалното.


„Поинаку“, краток игран филм

Времетраење: 12`30``
Продукциска кука: Фабрика Продукција
Режија: Александар Русјаков
Сценарио: Александар Русјаков
Директор на фотографија: Бранд Феро
Продуцент: Маријан Огненовски
Улоги: Верица Недеска–Трајкова, Димитрија Доксевски, Марин Бабиќ

Содржина:
Деновите поминуваат вообичаено, со завршување на секојдневните обврски, прошетки низ градот, низ кои се проткајуваат спомените за саканиот.


„Маратонист“, документарен филм

Времетраење: 29`
Продукциска куќа: Лина-Прес
Сценарио:Авни Халими
Режија: Роберт Бачај
Директор на фотографија: Осман Демири
Продуцент: Авни Далипи
Актери:Авни Далипи, Муса Исуфи

Содржина:
Филмот ги прикажува големите политички збиднувања во бивша Југославија, почнувајќи од 1968 година, па се` до крајот на војната во 1998 година, видени преку очите на главниот протагонист Лили, кој истовремено е сведок и жртва.


Среда (14 октомври)

„Погледни го животот низ моите очи“, документарен филм

Времетраење: 45`
Режија: Марија Џиџева
Директор на фотографија: Мак Вејзовиќ, Марина Колоска, Горан Наумовски, Фејми Даут

Содржина:
Ова е приказна за еден многу затворен, многу посебен свет лоциран во едно село во Македонија. Таму животот изгледа како во бајка, како да се живее во некое друго време, во некој друг век. Луѓето го гледаат животот низ своите очи, прифаќајќи ги многу тешко и бавно промените што ги носи новиот свет, како да не сакаат да бидат дел од него и го премолчуваат сето она што не се вклопува во нивната бајка.
Желбите, стравовите, борбите, тајните остануваат скриени позади високите и затворени порти на нивните куќи.


„Отворени гробови“, документарен филм

Времетраење: 40`
Продукциска куќа: Магна-Култ
Режија: Драги Савевски
Сценарио: Томе Витанов
Камера: Владо Јаневски
Продуцент: Коста Китановски
Улога: Валентина Божиновска

Содржина:
Тргнавме во потрага по гробовите на македонските вовјоди за да се потсетиме на нивните максими. Гласот нивни е многу силен ако има кој да го слушне... Само во македонскиот јазик и во Македонија терминот „војвода“ има единствено значење - силен маж, храбар, предводник на бунтовничка дружина или чета во времето на турското робство.


„Едерлес“, документарен филм

Времетраење: 12`
Режија: Бојан Маџаров
Сценарио: Бојан Маџаров, Шерафедин Куртов
Камера: Бојан Маџаров

Содржина: Едерлес е муслиманска и ромска традиција, која се совпаѓа со православниот Ѓурѓовден. Неколку лица кои го следат празникот со години ни ги појаснуваат традициите, додека пак Дервиш Нијази Мустафофски го објаснува значењето на празникот.


Четврток (15 октомври)

„Чедо“, документарен филм

Времетраење: 45`
Продуценска куќа: Магично Око
Режија: Аљоша Симјановски
Сценарио: Аљуш Камбери
Директор на фотографија: Атила Груби
Продуцент: Атила Груби

Содржина:
Документарниот филм со наслов „Чедо“ е приказна за една трогателна драма, која се базира врз судбината на едно дете од мешан брак меѓу Австралијанка и Македонец. Тоа е судбината на голем број деца во услови на големи светски миграции.....


„Кадаре“, документарен филм

Времетраење: 42`
Продукциска куќа: Елвен Филм
Режија: Алберт Дило
Сценарио: Заријета Јајага
Директор на фотографија: Бујар Коре
Продуцент: Заријета Јајага

Содржина:
„Книжевноста се раѓа и развива во секое време, во секој режим без разлика колку е тој остар“ - Исмаил Кадарe


„Илинденски марш“, документарен филм

Времетраење: 45`
Продуценска куќа: Томато ДООЕЛ
Режија: Бранислав Поповиќ
Сценарио: Рената Поповска
Директор на фотографија: Тони Величковски

Содржина:
Ако некаде постои вечноста, и ако македонската историографија ја крие суштината за нашето постоење, за вековната традиција, за судбата на овој народ, тогаш, тоа величествено место се крие токму во овие звуци, во автентичните ноти на македонската химна...


Претставите започнуваат во 20 часот.
Влезот е слободен.

0 comments:

 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.