Блогот Кинотека е неофицијално огледало на филмската програма на Кинотеката на Македонија и, понекогаш, на некои други филмски настани.

Фестивал на германски филмови - 12 откомври 2008 г.: „Еден ден во Европа“ во 20 ч. и „Деветта“ во 21:45 ч. [Кино Фросина]

Во 20 часот игра „Еден ден во Европа“. Тоа е германско-шпански филм од 2005 година. Режисер е Ханес Штер. Улогите ги играат Меган Геј, Људмила Цветкова, Флоријан Лукас и др. Филмот е номиниран за Златна мечка на Берлинскиот филмски фестивал во 2005 година.


На денот на финалето на лигата на шампиони меѓу Галатсарај Истанбул и Депортиво ла Коруња во Москва насекаде владее фудбалската треска. Само со разбирањето понекогаш е многу тешко...

Една британска деловна жена и една руска пензионерка во Москва, еден турист со ранец од Берлин и еден такси-возач во Истанбул од Шлезија, еден унгарски ходочасник/*аџија и галициски полицаец во Сантијаго де Компостела, еден француски пар улични уметници во Берлин: сите тие на некој начин се инволвирани во кражби на багаж.

Филмот со топлина и љубопитност раскажува за луѓето во Европа, за средбите и недоразбирањата, за патувањето, пристигнувањето и заминувањто - и за можноста за зближување.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 93 минути.



Во 21:45 игра „Деветта“. Деветта (германски јазик: Die Neunte) е документарен филм режиран од Пјер-Анри Салфати. Филмот е германско-француска продукција.

Во 1824 г. за прв пат е изведена 9-та синфонија од Лудвиг ван Бетовен и таа оттогаш важи за музичко наследство со кое Шилеровата „Ода на радоста“ станува бесмртна. Пјер-Анри Салфати во својот филм го документира
настанувањето и прифаќањто на 9-та синфонија и нејзината необична убавина: како музички симбол на човечката заедница, нејзините етички намери, нејзините револуционерни идеали, но за жал и како оружје на нејзините тирани.

Со музиката на Бетовен, авторот ги отсликува трагите што ова дело ги оставило во светската историја и се обидува да одговори на прашањето како е можно луѓето без никаков морал да бидат привлечени од оваа музика на ист начин како и оние што тие ги уништуваат.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 80 минути.



Во Тетово игра „Блузот на Шулце“.

Фестивал на германски филмови - 11 откомври 2008 г.: 4 Минути во 20 ч. и На работ на рајот во 21:45 ч. [Кино Фросина]

Четири минути (германски: Vier Minuten), е драма од 2006 година во режија на Крис Краус, а со Моника Блајбтрој, Хана Херцспрунг, Свен Пипиг и Ричи Мулер во главните улоги.




Џени е во затвор за убиство. Поранешното чудо-дете за свирење на пијано, сега има деструктивна природа. Сепак таа наоѓа на себе равна кога ќе ја сретне Трауде, која бара нови затвореници за нејзините часови по пијано. Трауде мора да се бори со бруталноста на Џени за да го разбуди музичкиот вундеркинд. Љубоморните затворски чувари ја спречуваат Џени да настапува на националното младинско финале, па Трауде заговара храбро бегство. Штом Џени ќе стигне до финалето, таа ќе има само 4 минути да се докаже себе си, без гаранции дека со тоа ќе ја освои својата слобода.



(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 112 минути.

Во 21и45 следи реприза на „На работ на рајот“, а во Тетово во 20 часот игра „Децата на месечевата светлина“.

Фестивал на германски филмови - 10.10.2008 год.: „Статус јо!“ во 20 ч. и „Базенот на принцезите“ во 21:45 ч. [Кино Фросина]

20:00 часот

„Статус јо!“ е германски филм од 2004 година. Режисер на филмот е Тил Хастрајтер, а улогите се на Диџеј Квест, Сера, Јесим и други.


Петок навечер во Берлин: Јан има тајна афера со сестрата на својот најдобар другар и за се оттргне од ова, гласно изјавува дека во рок од 24 часа ќе ја организира најголемата хип-хоп забава на годината. Сега само му е потребна опрема, бендови што сакаат да настапуваат и можеби малку пари неопходни да плати за сето тоа.

За тоа време „поетот на подземната железница“ Сера добива цимер, Спреер Тарек сонува за потполна скулптура од графити, а Рапер Сешн, бегајќи со девојката од нејзиниот брат паѓа во рацете на „скинхедс“...



(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 101 минута.

Режисерот Тил Хастрајтер лично ќе го претстави својот филм.

21:45 часот

„Базенот на принцезите“ е германски документарен филм од 2006 година во режија на Бетина Блимнер.

15-годишните тинејџерки Клара, Мина и Тануша, кои израснале со своите мајки во населбата Берлин-Кројцберг, се познаваат уште од градинка. Најдобрите другарки одат заедно по забави, им се допаѓаат слични момчиња и целото лето го поминуваат на „Принценбад“, големиот отворен базен среде нивната населба, нивниот „Базен на принцезите“. На прагот од светот на возрасните сите три
девојчиња почнуваат да го бараат својот сопствен пат во животот: Клара го прекинува училиштето, Мина сака да биде заедно со своето момче, а Тануша бара од мајка си повеќе слобода.


Со својот природен шарм, груб и недозреан начин, берлинските „дрзнички“ Клара, Мина и Тануша си обезбедуваат почитување!

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 92 минути.



Како дел од фестивалот во Тетово се прикажува филмот „Изгубено - најдено“.

Програма по повод 11 октомври, 10, 11 и 12 октомври 2008 г. во 20 ч. [Кинотека] (слободен влез)

10.10.2008 (петок) во 20 ч.

Предоктомвриски фестивали

Документарен филм на Благоја Дрнков

Филмот трае 19 минути.


Пресуда - игран филм од 1977 година.

Режија: Трајче Попов

Сценарио: Јово Камберски

Актери: Петар Арсовски , Јанез Врховец , Мето Јовановски , Драги Костовски

Филмот трае 95 минути.



11.10.2008 (сабота) во 20 ч.


11 Октомври

Документарен филм на Благоја Дрнков

Филмот трае 15 минути.


Истрел

Игран филм од 1972 година

Режија: Бранко Гапо

Сценарио: Димитар Солев

Актери: Неда Арнериќ, Петар Арсовски , Питомир Деспотовски, Слободан Димитриевиќ

Филмот трае 98 минути.



12. 10.2008 (недела) во 20 ч.

Волчја ноќ

Игран филм од 1955 година

1955 год.

83 мин.

Режија: Франце Штиглиц

Сценарио: Славко Јаневски

Актери: Драги Крстевски - Амфи , Савета Малинска , Петре Прличко , Драгомир Фелба

Фестивал на германски филмови - 9 откомври 2008 г.: Цепелин! во 20 ч. и Терорист во 21:45 ч. [Кино Фросина]

Во 20 часот игра „Цепелин“. Ова е германски филм од 2005 година. Снимен под режисерската палка на Гордиан Мауг со Олаф Раушенбах, Александер Мај, Агњешка Пивоварска.

Оваа историска крими-приказна говори за несреќата на леталото LZ 129 „Хинденбург“ на 6 мај 1937 г. што важи за една од најдраматичните големи несреќи за почетните години на воздухопловството.

Хинденбург, најголемото до денес изградено летало, се запали накусо по
гаражирањето во американскиот Лејкхурст и изгоре за 34 секунди. Животот го изгубија 36 луѓе.

Еден од членовите на посадата бил Роберт Зилхер. Неговиот внук Матијас ги истражува трагите на загинатите со помош на цртежите од татко си. Во Фридрихсхафен Матијас го сретнува поранешниот колега на
Роберт, Карл Земле. Но, старецот не може или не сака туку така да каже што знае. Сепак Матијас продолжува да го реконструира животниот пат на својот дедо и ги забележува станиците кои најпосле го доведуваат до леталото „Хинденбург“ преку Атлантикот. Започнува едно патување низ минатото, на кое Матијас трага по причините за длабогата тага на својот татко...

Режисерот Гордиан Мауг лично ќе го претстави својот филм.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 102 минути

Во 21:45 започнува „Терорист“. Овој филм на Бенјамин Хајсенберг е германско-австриска копродукција од 2005 година. Улогите ги играат Бастијан Трост, Мехди Небу, Лорета Пфлаум.

Јоханес се доселува во Минхен да работи како постдипломец на катедрата за вирусологија на техничкиот универзитет. Во кругот на младиот научник спаѓа и Алжирецот Фарид, кој им се посветува на истите истражувачки работи како и Јоханес. Уште пред да стапи на работното место, на Јоханес му приоѓа една соработничката за заштита на уставот. Од него се бара да доставува информации за Фарид. Јоханес ужаснат го одбива ова барање, но сепак, црвот на сомнежот влегува во него. Се менува начинот на кој го гледа својот колега.



Дали неговиот колега е потенцијален терорист?

Младата келнерка Беате, за која се интересира и Јоханес, се вљубува во Фарид. Истовремено се заострува и службената конкуренција меѓу Фарид и Јоханес. Почнуваат да се мешаат приватното и службеното, моралната и политичката одговорност...

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 100 минути.

(Забелешка: Не знаеме колку чинат билетите. Ако некој бил и знае, нека пише.)

Амелија Пулен, 8 и 9 октомври 2008 г. во 20 ч. [Кинотека]

Чудесната судбина на Амелија Пулен или само Амелија (француски: Le Fabuleux Destin d'Amélie Poulain) е француска романтична комедија на режисерот Жан Пјер Жене снименa во 2001. Главната улога ја толкува Одри Тоту, а сценариото го напишаа Жене и Гијом Лоран. Филмот претставува идеализиран опис на современиот начин на живот во Париз, сместен во Монмартр.



Ова е приказна за девојче кое пораснало одвоено од останатите деца. Нејзината мајка починала кога таа била мала. Нејзиниот татко, психолог, никогаш ја немал прегрнато. Само еднаш месечно ја прегледувал и затоа срцето на Амелија баш тогаш ќе почнело силно да чука. Поради тоа, татко ѝ сметал дека се работи за срцева мана, па ја оддалечил од другите деца. Откако ќе го напушти родителскиот дом за да стане независна, таа ќе развие необично активен живот.

Филмот трае 122 минути.

Статија на мк.Википедија.

Фестивал на германски филмови: „На работ на рајот“ 8 октомври 2008 г. во 20 ч. [Кино Фросина]

„На работ на рајот“ (интернационален англиски наслов: The Edge of Heaven, оригинален германски наслов: Auf der anderen Seite , турски наслов: Yaşamın Kıyısında) е турско-германски филм од 2007 година во режија и сценарио на Фатих Акинi. Филмот е добитник на Prix du scénario (наградата за сценарио) на Канскиот филмски фестивал во 2007 година.


Синопсис

„На работ на рајот“ се случува во Турција и Германија. Ликовите патуваат помеѓу овие две земји и така патуваат низ својот живот. Акин ја раскажува приказната со мирни слики и бавно темпо. Емоционалниот клуч за филмот е смртта со која секој протагонист се соочува на различен начин. Така тие првично затворени луѓе почнуваат полека да се откриваат себе си.



Заплет

Пензионираниот вдовец Али, турски имигрант кој живее во германскиот град Бремен, верува дека нашол решение за својата осаменост кога ќе ја сретне проститутката Јетер која е родум од Турција.

Тој ѝ нуди месечна плата за та да се откаже од проституција и да се всели кај него. Откако таа добива закани од двајца радикални исламски турски насилници, таа одлучува да ја прифати неговата покана. Неговиот син Неџат, кој е професор по германска литература, првично не ја одобрува оваа постапка на Али. Но, таа почнува да му се допаѓа нему, кога тој ќе дознае дека таа праќа пари назад во Турција за факултетското образование на ќерка си.

(Никулец на мк.Википедија.)

Филмот трае 122 минути.

По филмот веројатно ќе има мала свеченост за отворање на фестивалот... претпоставуваме бидејќи на програмата пишува Прием во 21:45, а таков филм не можеме да најдеме по Интернетов. :)
 
Кинотека. Design by Wpthemedesigner. Converted To Blogger Template By Anshul Tested by Blogger Templates.