Во 20 часот игра „Еден ден во Европа“. Тоа е германско-шпански филм од 2005 година. Режисер е Ханес Штер. Улогите ги играат Меган Геј, Људмила Цветкова, Флоријан Лукас и др. Филмот е номиниран за Златна мечка на Берлинскиот филмски фестивал во 2005 година.
На денот на финалето на лигата на шампиони меѓу Галатсарај Истанбул и Депортиво ла Коруња во Москва насекаде владее фудбалската треска. Само со разбирањето понекогаш е многу тешко...
Една британска деловна жена и една руска пензионерка во Москва, еден турист со ранец од Берлин и еден такси-возач во Истанбул од Шлезија, еден унгарски ходочасник/*аџија и галициски полицаец во Сантијаго де Компостела, еден француски пар улични уметници во Берлин: сите тие на некој начин се инволвирани во кражби на багаж.
Филмот со топлина и љубопитност раскажува за луѓето во Европа, за средбите и недоразбирањата, за патувањето, пристигнувањето и заминувањто - и за можноста за зближување.
(Никулец на мк.Википедија.)
Филмот трае 93 минути.
Во 21:45 игра „Деветта“. Деветта (германски јазик: Die Neunte) е документарен филм режиран од Пјер-Анри Салфати. Филмот е германско-француска продукција.
Во 1824 г. за прв пат е изведена 9-та синфонија од Лудвиг ван Бетовен и таа оттогаш важи за музичко наследство со кое Шилеровата „Ода на радоста“ станува бесмртна. Пјер-Анри Салфати во својот филм го документира
настанувањето и прифаќањто на 9-та синфонија и нејзината необична убавина: како музички симбол на човечката заедница, нејзините етички намери, нејзините револуционерни идеали, но за жал и како оружје на нејзините тирани.
Со музиката на Бетовен, авторот ги отсликува трагите што ова дело ги оставило во светската историја и се обидува да одговори на прашањето како е можно луѓето без никаков морал да бидат привлечени од оваа музика на ист начин како и оние што тие ги уништуваат.
(Никулец на мк.Википедија.)
Филмот трае 80 минути.
Во Тетово игра „Блузот на Шулце“.

0 comments:
Post a Comment